Токму затоа, со право можеме да заклучиме дека правата на работниците се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната, постојано на удар од ниските плати кои не секогаш ги добиваат, прекувремената (неплатена) работа, небезбедните работни места, прекарната работа, замолчените синдикати и слепите институции, а законите кои треба да се подлогата на која тие стојат и која треба да го спречи ваквиот удар, воопшто не го прави тоа, туку напротив со многубројните измени на легислативата само го олеснува понатамошното обезвреднување на трудот на работникот, кој се претвори во обично средство во работниот процес.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со оваа промена е укината одредбата која предвидуваше дека правото на купување акции, односно удели со попуст може да се остварува во рок од три месеци од почетокот на нивната продажба (чл. 28, ЗТПОК).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
После сето ова, тој одлучно истакнува дека правата од работен однос не можат да бидат предмет на ничии игри и тактики, и дека ако некој повторно му прекрши некое работничко право тој без двоумење би повел работен спор пред надлежен суд со цел да побара негова заштита. 66 1. Интервјуто го водеше Александар Ковачевски, на 10.III.2011, во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Реакцијата на Митревски, пак, одлично покажува дека за кршењето на одредено работничко право не смее да се премолчи – без разлика дали тоа е одлука на влада, министер или било кое надредено лице во рамките на државните институции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во споредба со верзијата од ЗРО (2005), кај оваа верзија има две новини: поволната промена е што се нагла- сува дека правото важи при престанок на работниот однос по кој било основ, а неповолната – што веќе ја нема експлицитната одредба според која работникот не може да се откаже од обесштетувањето.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сепак, мора да се напомене дека правото на штрајк согласно рестриктивноста која е веќе наметната и во самиот Закон за работни односи како lex generalis и овде е ограничено во голема мера, што најдобро се гледа од ст. 4 од овој член каде се предвидува дека раководното лице на институцијата, согласно со закон и колективен договор, со акт го определува начинот на извршувањето на надлежностите, односно дејностите од јавен интерес на институцијата за време на штрајк, бројот на вработени кои ќе ги извршуваат надлежностите за време на штрајк, како и начинот на обезбедување услови за правото 66 на штрајк од ст. 3 на овој член.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)