Имам впечаток дека противникот се обидува да се пробие до Пиљкати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За него се говореше дека од устата му излегува слово час благоутробно и благо, час строго и праведно, но неотровно, и дека противниците негови обично посрамени заминувале од разговорите со него.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој човек со ситна коска, нешто поисправен отколку што треба да е еден старец, не гласен и сепак таков како секогаш да е на едно место, ги предизвикал обајцата Онисифоровци да мислат дека противникот кришум го посоветувал старецот да предложи Дмитар-Пејко да биде и запален и закопан - селанецот се кара за педа земја, за говедска лепешка, зошто да се кара и за мртовец?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во јамата, бездруго во јамата, ќе го покриеме со гранки. - Пепелта не станува змија под земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Густината на рафалите најави дека противникот е сѐ поблиску.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се зборуваше дека противниците на идеалите на кои требаше да биде изградена новата Германија, ги носат во логори, и ги принудуваат на тешка физичка работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)