„Кога видов за каква убавица станува збор, сфатив дека разумот и не е најважната работа кај мажите“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А истиот тој разум отворено ми шепотеше дека љубовта може да попричека.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не се сеќавам на кој начин но бев успеал да се уверам себе си дека разумот е единствената вистина што може да не води низ опасните патеки на војната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Токму така ми вели, а чиниш оти и очите ѝ се потат од таа нејзина љубовна болка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)