Како што Бог, испраќајќи ни и несреќи, го прави тоа затоа што знае што е добро за нас, како таткото што знае дека за детето негово поарно е да не се игра со оган, иако детето мисли дека родителот лошо му мисли, но добрината на тие забрани дури подоцна душата слаба детска ќе ја разбере и појми.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ги прават постојано истите грешки и ум не им доаѓа да сменат нешто, да најдат друг начин да се однесуваат со нас, а не да го повторуваат сè тој што не дава никакви резултати.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Понекогаш мислам дека родителите се многу глупави, што дека се возрасни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Гарантирам дека родителите ништо не им оставиле, ниту добиле на Бинго, ниту пак Ѓоко у слободно време дила дрога на малолетници... Чесно го заработиле секој долар.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Беше свесна дека родителите секојдневно и сѐ повеќе ѝ го одземаат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Еден од шоферите ни кажуваше дека родителите протестираат. Стигнале до Главниот штаб на ДАГ.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дете си, Кире, а тие што те облекле во овие алишта се луди! - викна тој. - Луди се!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Така ми рече и дедо ми кога ме виде во Оровник.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јас си клекнав во ќошот на земјанката и, потпрен на автоматот, цела ноќ како во сон ја гледав мајка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Младите понекогаш мислат дека родителите се семоќни, можат да имаат сè што ќе посакаат, можат да купат сѐ што ќе им се допадне.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тогаш Зигмунд ми кажа дека најбогатите, благодарение на влијанието и парите, можат да го избегнат законот, кој забрануваше абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас знаев дека родителите, заради срамот, најчесто ги исфрлале тие млади жени од дома, па тие го завршувале животот од глад, студ, или болест, многу бргу потоа, уште пред да се породат; знаев дека некои од нив, што ќе преживееле до породувањето, го оставале детето во некое сиротилиште, па работеле најтешки работи, заради кои животот не им траел долго; знаев дека имаше и такви кои, не можејќи да го преживеат срамот, а за да ја сочуваат честа на семејството, се убивале без да им кажат на најблиските дека забремениле; знаев дека некои оделе кај приучени луѓе кои им давале да испијат горки течности по што го исфрлале плодот, а понекогаш и самите тие умирале од отровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми не ме напаѓаше, но и не ме бранеше. Беше неутрална.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Само рече дека родителите требало и порано да се сретнат: децата се дружат, дури и некаква дружина организирале, а родителите не се познаваат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)