Захаријадис за миг прекина, а потоа рече: - Точно е дека ситуацијата е сериозна, ама тоа не значи дека е безизлезна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но, знаев дека ситуацијата е алармантна, тоа не е нешто што се поднесува по секоја цена за да останам со некого кој нема трошка чувство ниту совест.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Видов дека ситуацијата со ранетите е многу лоша. Приближно триесет многу тешко ранети. Условите многу примитивни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Метеоролозите секојдневно предвидуваат дека ситуацијата набргу ќе се подобри.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Додека госпоѓа Мариела зборуваше, Ема беше опуштена, но кога, без никаков повод и без суштинска врска со предходно реченото, слушна: „Сепак, денот се познава по утрото,“ безизразно се насмевна и почувствува дека ситуацијата е конфузна, можеби и глупава, но сериозна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Овде зборувам за политиката бидејќи верувам дека ситуацијата, на која Вие алудиравте, се објаснува од сеќавањето на познатата политичка историја на нашите две земји.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
И штабот на Force 266 на 4 јуни 1944 година ја известува мисијата Brasenose дека според она што успеале да го дознаат од “прекинатиот сигнал“ од мисијата Conserve “Апостолски е во Северна Грција“ и дека ситуацијата на партизанските единици е многу лоша бидејќи им недостасувало муниција “и Бугарите постојано ги гонат“, а авионите чекале да добијат локација каде да бидат спуштени пратките.144 На 1 јуни 1944 година безуспешно се обиделе да ја преминат реката Вардар северно од Гевгелија поради нападот на германските единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Логичкиот континуитет со првиот дел од студијата „Обезвреднување на трудот: Анализа на трудово-правната анализа во време на транзицијата“, уште еднаш ни покажува дека ситуацијата со работничките права и de facto и de jure се влошува и соодносот помеѓу силите на капиталот и трудот оди апсолутно на штета на интересите на трудот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)