Дури си претпоставувам (а можеби само ми се причинува) дека средбата со таа личност ќе биде и моментот кога ќе се осознаам себеси и ќе се почувствувам пораснат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислев дека средбата ќе има некаква цел во врска со најавата од претходниот ден и дека од мојот претпоставен ќе добијам одредени инструкции, но во неврзаниот разговор попусто барав нешто кое би можел да го протолкувам барем како мал дел од она што го очекував.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
При средбите со Јасер Арафат имав впечаток дека сум пред човек едновремено лавиринт и сфинга.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Знам дека моите објаснувања не нудат многу.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Никогаш го немав чувството дека средбата со него завршила.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Денко мислеше дека средбата меѓу Елена и Стрела ќе биде на ист начин непријателска како и со него, па му прошепна на Бојан: - Да не ја уплашиме, а?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Му реков дека мислам оти не сум упатениот кој ќе може да го поведе кон неговата цел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)