Повеќе пати пред да бидат исклани стопаните на Имотот, Арслан бег, лично нему, на татка си, му докажуваше дека султаните не прават добро што толкав имот отстапуваат на христијани, дека, по правидна, Имотот треба да биде негов, Арслан бегов, зашто тој со крв го заслужил.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш, кога Акиноските за прв пат се доселија во Потковицата, се пронесе глас, но тоа не беше вистина, дека султанот, Мустафа Челеби, Лажниот Мустафа, (1419-1421 година) за да им го остави Имотот, им понудил да преминат во исламска вера, но кога тие го одбиле, се разгневил и им заповедал на властите да им ги оберат магазите во безистенот во Битола и да ги протераат во Потковицата - за заедно со другите раетини да работат за него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Софроние му се поклони дури додолу до земјата, а кога се исправи, виде дека султанот со рака го повикува кај себе и му покажува место кај да седне - на килимот веднаш спроти него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити. Со тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кој сака да иде со нас во Бугарија, нека остане да ги делиме маките додека ја префрлиме границата!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Другари, — се провикна тој. — Штабов наш денеска доби абер дека султанот дал башлама за сите оние востаници што немаат лично крвави злочини.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Смртната пресуда на гемиџиите требало да ја потврди султанот. И, бидејќи таа веднаш не била потврдена, станало јасно дека султанот на осудените атентатори им ја изменил казната.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Синовите ми пишуваат дека европските царштини шират вести дека Султанот е болен. Умиш ли?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)