Ние одлично знаеме дека творештвото на Ботеро се разликува од живописот на нашиот век (од кого тој сепак презема некои технички методи) - со својата среќна пластичност, со непоколебливата точност така карактеристична за Ренесансата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Поновите истражувања, засновани на современиот научен пристап на личноста, во многу што успеаја да го тргнат велот на тајната од творештвото, но и понатаму го поддржуваат ставот дека творештвото, првенствено уметничкото, во суштина е абнормална состојба, бидејќи во моментите на интензивно вдахновение ги има сите карактеристики на присилно невротично дејство, кога творецот чувствува дека извесни идеи му се наметнуваат со некоја натприродна сила така што делото не е сосема негово туку и на некоја мистична сила која му го диктира стихот (Блејк), мелодијата (Моцарт), линијата или обликот (Микеланџело), коишто треба да се извлечат од дотогаш неорганизираната материја и да им се даде форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)