Ако нешто е прифатено како убаво, не е важно со кој интензитет тоа е врз вашето тело, не е битно дали тоа нешто во вашето тело може да предизвика карцином или дека телото може да го отфрли.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во христијанската догма, особено во учењата на Свети Августин и Тома Аквински, се избираат оние елементи на Аристотеловото учење кои одат во прилог на величење на бесмртноста на душата, а телото го сметаат за пасивно и инертно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Така на пример, Тома Аквински го застапува мислењето дека телото не е составен дел на душата, но душата по својата суштина е наклонета кон соединување со телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во текстовите и перформансите австралијанскиот боди артист STRELAC хибридот човек-машина го доведува до крајност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Идеологијата на нејзината работа е едноставна: „Ми се допаѓа пластичната хирургија бидејќи тоа е борба против природата, идејата за Бог, програмираноста, DNA која е задолжена за претставување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Што вели историјата на филозофијата за овој проблем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Верувам дека телото не е свето како што нè учи религијата, тоа е само костим што го менуваме.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Фантазмот на двојникот кој со помош на развиената технологија на виртуелната стварност ќе се оствари во иднина, дополнително потврдува дека телото набрзо ќе делува и во некоја друга реалност, дека најпосле ќе се одомаќи во една информатичка материја којашто со себе носи поинакви физикални законитости.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Токму фактот, дека на душата во нејзиното делување и е потребна на некој начин соработка со телото, според Аквински, докажува дека човечката душа се наоѓа на понизок степен на умност од ангелот кој не е соединет со телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој тврди дека телото е застарено, дека не е дораснато за физичкото окружување, дека е преоптоварено со несварливи информации и застрашено од сопствената техника.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Постојано го имате она „ова е убаво, ова не е“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Крајно поедноставено, конечниот исход на христијанската догма е дека телото е минливо, нешто што треба да ги поднесе маките и искушенијата, за да ѝ овозможи на душата да се врати повторно во „царството на бесмртноста“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во Античката филозофија, поточно кај застапниците на религиското учење - орфизам, го среќаваме мислењето дека телото е затвор за душата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Јаков чувствуваше дека телото му е топло и од кожата, му се стори, му испарува преостанатиот дел од дивите мириси на Ребека.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Престара сум, индоктринирана, научена дека телото ништо не вреди, дека е само мета.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Па видоа дека телото - цвет беше бело.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Зашто тоа мртовците во сандакот стануваат така тешки?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Велат, по некоја инерција, дека телото веќе не се управува од самиот... или некоја глупост од овој тип; ѝ противречи на механиката и на здравиот разум.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
По набабрените гради се гледаше дека телото ѝ е сосема зрело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Никогаш порано не помислил дека телото на една педесетгодишна жена, раскрупнето од раѓање до монструозни размери, потоа стврднато и огрубено од работа, може да биде убаво.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ми тежеше главата и ми се чинеше дека телото ми се распаѓа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Легнав на грбот, ги раширив нозете и рацете обидувајќи се да се ослободам од мрачните мисли.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Што се однесува до мене, јас сум материјалист на телото, што значи дека телото е основа на сета моја работа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Значи дека телото не е само комбинација на мускули, боди билдинг, сила и пол.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
За киберпросторот. ТЛ: Како ти би го опишал киберпросторот, како матрица или како халуцинација? ВГ: Да, тој е консензуална халуцинација што луѓето ја создадоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ова е петтата реченица од книгата: „Изгледа дека телото ми пати од огромен недостаток на дрога. Тоа беше говорот на Градовите и виц од Градовите“. (се смее)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
ВГ: О, да. Тој живее само за... ТЛ: Киберпросторот. ВГ: Да.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Едо имаше чувство дека телото му олеснува сведувајќи му се на пердув, чиниш сега беше оној момент кога пеперутките би можеле да го понесат својот кршкав лет, а потоа како истото тоа негово тело некаде длабоко одвнатре да му се дроби во ситен песок што се рони.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Со сива боја на очите во којашто погледот ти тоне со чувство дека телото ти се топи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)