Но, нашиот фокус е насочен кон тоа што во македонското процесно право не постои никакво [процентуално] ограничување на висината на сумата која може да се плати на име парнични трошоци, а која би требало да се врзе за висината на вредноста на спорот (на пример, да се воведе заштитна одредба која би предвидувала дека трошоците за водење на судски спор не би можеле да надминуваат повеќе од 1/3 од висината на главното побарување за коешто се води конкретниот спор).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4) Прескапи судски такси, трошоци и тарифи и непристапност до судовите поради недостиг на финансиски средства Присуството на овој системски проблем, на којшто ДСП „Ленка“ укажува во повеќе наврати, само се потврди со оваа студија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Политиката на спречување на наркоманијата која е заснована на солидарност би се борела за сведување на последиците од уживање на јаките дроги по општеството и по поединецот на поради намалување на штетните последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Што се однесува до законските мерки, тие треба помалку да ги применуваат на уживателите а многу повеќе на трговците. Легализацијата на продажбата на јаки дроги во никој случај не би смеела да се дозволи со образложение дека трошоците од социјалната и здравствена заштита, како и од општествената солидарност, не се прифатливи од морално и практично гледиште.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Интересна е одредбата која предвидува дека трошоците на постапката – за помирувачот, односно арбитерот – ги сноси Советот, а не странките. 1) Колективен спор (чл. 16-28, ЗМРРС) – овој спор настанува во следниве три случаи: (а) по повод склучување, измена, дополнување или примена на колективен договор; (б) при остварување на правата на синдикално организирање и (в) кај реализацијата на правото на штрајк.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Исто така, сметаме дека конечно се созреани условите, сосем легитимно, да се постави прашањето за потребата од преиспитување на уставниот концепт на траен мандат на судиите, со сите негови позитивни и негативни аспекти – којшто кај нас се покажа како комплетно промашување, бидејќи наместо да стимулира независност и објективност на судиите, тој се извитопери во концепт кој поттикнува пасивност и незаинтересираност на судската фела за реалните проблеми на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Интересна е одредбата која предвидува дека трошоците на постапката – за помирувачот, односно арбитерот, ги сноси Советот, а не странките. 1) Колективен спор (чл. 16-28, ЗМРРС) – овој спор настанува во следниве три случаи: (а) по повод склучување, измена, дополнување или примена на колективен договор; (б) при остварување на правата на синдикално организирање и (в) кај реализацијата на правото на штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Стран[к]ите 12 во спорот можат да поднесат заеднички предлог или, пак, поединечен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)