Сè што гледаме околу нас сведочи дека умот и телото се многу поблиски во секојдневниот живот, за добро и за зло, отколку што нашата научна ум - тело реалност нè наведува да мислиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ѕвездата твоја! ѝ свика Профим еден ден на ќерка си Царјанка кога дозна дека умот ѝ е по Трајан Блосоениот, - да не те видам повеќе со него...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Обично вие мажите за нас велите дека умот ни е пократок од нашите фустани.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Испаѓа како да му се ситам со неизбежното грдо и грозно доживување во моментот кога, откако ќе влезе дома, ќе се сети што го очекува горе во спалната каде што ќе ме најде легнат на плеќи, со устата зината, можеби и полна со муви и со очите оврлени, дека умот ќе му штукне од тоа од што веќе и мене ми се крева косата и ми се гади.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Бидејќи смета дека свеста е централен ментален феномен, тој сака да отпочне едно сериозно испитување на свеста во нејзините рамки, и се обидува да ја докрајчи теоријата дека умот е некаков компјутерски програм давајќи предлози за преобразување на нашето проучување на менталните феномени на начин кој би ја оправдал надежта за повторно откривање на умот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Беше свесен за тоа дека умот му беше матен и не можеше да го разбере тоа што го виде.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А не може да ги нацрта не дека не ги гледа, или дека не запомнил како изгледаат, или дека нема замисла како, туку дека умот му е раштркан, па наместо да се задржи на нив и на планот, го тера за сенешто да размислува...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)