дека (сврз.) - уметност (имн.)

Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со целото свое битие чувствуваме дека уметноста на нашето време веќе не е во надлежност на какви било компетентни лица или организации, какви било ограничени дискурси.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Македонија веднаш даде согласност за поддршка на Глобализацијата и спроведување на капитал- систем, при тоа сочувувајќи ги сите свои национални обележја, уште повеке од тоа успеа да ги истакне и покаже сите национални културни способности, докажувајки му на светот дека уметноста, црквите, природните галерии кои подзедно ја украсуваат, пештерите кои се своевидна атракција според староста и божјата дарба- сето тоа нема цена што некој може да ја плати!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сликарот, каков што јас го познавам, каков што бев и јас, е олфактивен тип; тоа значи дека наутро станува, има потреба за појадок, иако често не јаде, но највеќе чувствува потреба да го осети терпентинот. И таа олфактивна потреба, потреба за појадок, го поттикнува на сликање. Од олфактизмот до ретиналното задоволство, има само чекор и често кај сликарите останува на тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Она што сакам да го кажам е дека уметноста може да биде лоша, добра или индиферентна; но без оглед употребената придавка, треба да ја нарекуваме уметност: лошата уметност сѐ уште е уметност како што лошата емоција, сѐ уште е емоција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мислам, всушност, дека уметноста на одреден начин секогаш го крие, дека таа предметот во таа мера го одзема во која го прикажува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Бездруго оттаму и потекнува пренасочувањето кон естетиката, бидејќи во медиумот на уметноста можеби порано би засветкало она што од поими составениот говор го спречува. Спонтано не се приклонувам кон тоа да тврдам дека уметноста го открива предметот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Јас верувам дека уметноста е единствената дејност во која човекот се покажува како човек, како вистински индивидуалец.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За него “уметноста” (во смислата на Зукари) била “мајка” на духот, поточно, тој мислел дека уметноста настанува во спротивставувањето со друга уметност, а не со природата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Или мислите дека уметноста секогаш е хуманистички кик пар екселанс?!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веќе спомнатиот Вуди Ален вели дека уметноста е привилегија на интелигентните и образованите, но кога луѓето полесно ќе се разбираат, таа би се претворила во разбирливо сознание на светот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ова интервју главно нема врска со ВР, но има со технологијата, чиј спој со уметноста токму е интригантен. ñНекаде долж линијата, се чини дека уметноста ја губи својата назначеност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Треба да се запамети, дека уметноста се движи секогаш спротивно на насоката на сонцето.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Најпосле, треба да прифатиме дека уметноста во модерното општество е поле што изумира и кое нема своја иднина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Го бележев итинерерот на некогашниот престој во пеколот на враќањето, со надеж дека уметноста ќе прости!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас сега не се сомневам дека уметноста на архитектурата, што ја практикуваат современите архитекти, е чисто визуелно естетско искуство, и ако не е само површно трагање по надворешна декорација, таа во најдобар случај е себично и безобзирно наметнување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Жилберт&Џорџ: Да, бидејќи луѓето имаат огромен страв од комерцијалните галерии.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ќорсокак е да се мисли дека уметноста е нешто посебно, за многу мал број луѓе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Де беше единствениот човек за кого знаев дека уметноста ја согледува и покрај социјалните разлики во неа самата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)