Исто така, забележете дека целта на деконструкцијата не е да се конституира некоја нова држава на “тиранија” или “неправда”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Графоцентризмот во овој контекст речиси личи на Драјфусовото протерување на Ѓаволовиот остров, а Дерида како Емил Зола кој него го враќа назад.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој ја деконструира самата хиерархиска структура предлагајќи една алтернатива која што е сосема нова и нехиерархиска.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога продуктот е резбарија на карпа или слика на животно, малку има сомневање дека целта е нејазичка (иако не може со сигурност да се зборува дали има естетска, религиозна или некоја друга функција).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Знаев дека целта му е да ме освои.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Х.Х. го забележа моето изненадување. Веруваше дека целта ја постигнал.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Досега претпоставувавме, како и Rychlack, дека целта на сите когнитивни научници е суштински да се разбере како функционираат постоечките „природни” умови и/или да изградат вештачки кои ќе функционираат на истиот начин.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
176 Сестрата Писи на 1 мај напишала дека сомнителното лице за атентатот на бродот било затворено и тоа, наводно, изјавило дека целта на атентаторите била не само да ја натераат Франција да интервенира пред големите сили и Турција во нивна полза, туку и да ја привлечат власта кон пристаништето со дигање во воздух на бродот и потоа, и непречено и без големи народни жртви, да го извршат преостанатиот план.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ми помогна да разберам дека воопшто не е лесно да ги поделиш емоциите со публиката.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ме охрабри, ме израдува, ме натажи истовремено... едноставно ми објасни дека целите што си ги поставив не треба да ги врзувам со рокови.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но јас се надевам дека целта што сте си ја поставиле, да ја овековечите семејната меморија, ќе ви помогне да живеете што подолго.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа не можеше да ја следи татковата стратегија во однос на балканската книга, не беше уверена дека целта им беше заедничка...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Која е вашата средишна идеја кога станува збор за односот меѓу модернитетот и постмодернитетот? Би рекол дека постмодернитетот е модернитет за себе, модернитет што ја надминува својата неадекватна свест и достига до разбирањето на она што стварно е на дело, то ест, производството на амбиваленција и плурализам, и се мири со фактот дека целите кои првобитно биле поставени - рационалниот поредок и апсолутната вистина - никогаш нема да бидат достигнати.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Некои општествени теоретичари сугерираат дека треба да се зборува за „доцен модернитет”, додека јас му давам предност на терминот „постмодернитет” кој поттикнува поголема интелектуална одважност - ослободувајќи ве од врзаностите за одредени артикулации типични за модерните времиња.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Од заробениот поручник дознавме дека целта на грчките кралски единици беше да го заземат селото Смрдеш и на тој начин од запад да ги опколат единиците на ДАГ кои држеа борбени позиции на ридовите над селата Косинец, Лобаница и планината Мали – Мади.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додека трчавме низ сите оние сериозни денови верувајќи дека целта е близу и дека ниту еден чекор не е сторен залудно ние бевме оние кои можеа да ѝ го одредат името на светлината и да ја поведат со себе па и да седнат напладне со неа на сиромашен ручек на тревата во друштво со птиците што стрпливо ги очекуваат своите трошки Така се качувавме кон будните соништа И не знаевме оти овој кревок живот што нè води за рака може да нѝ понуди сè но и да нѝ оспори сè Дури и не помислувавме оти во Кулите на ветената надеж живеат веќе ќерките на нашата тага И дека во растурената градина зад леандрите нè очекуваат цвеќињата на нивните солзи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)