Се уплаши кога сфати дека чувството кон него не е само пријателско.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но ништо не се случува всушност бидејќи кога човек мирува тогаш и знае дека чувствата се само мисли, а јаките чувства се само безброј пати повторувани мисли.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Бродвејскиот мјузикл, така, ги научил своите протогеј-зналци дека нивната восприемчивост за гејството на тој жанр можат да ја изразат само под услов на сопствена изолираност и скришност.
[Ниедно момче] никогаш не било толку надвладеано од својата страст [кон бродвејскиот мјузикл] за да заборави да води сметка за тајноста во која уживало во него, а ако и заборавело, ако некогаш... нешто, ете, случајно доволно му го одвлекло вниманието, па да заборавело да ги превлече завесите пред својот настап [односно кога пеело и танцувало на албумите од првата бродвејска постава], поради што другите маалски момчиња успеале да го фатат на дело како сочувствително трепери со нумерите што ниту тоа ниту тие никогаш не ги гледале, бргу сфатило – и тоа предоцна – дека чувството на срам му било дадено, како и нагонот за повраќање во грлото, да му биде опомена да се варди од општественото понижување што, сигурно, ќе настапи ако некогаш му падне на памет да биде толку шашлив оптимист, што да го пренебрегне. (11)
Практиката да се слуша и да се пее во придружба на снимки од бродвејски мјузикли ги научила оние што уживале во тоа една претпазлива поука за срамот, всадувајќи им свест за невозможноста геј-желбата и геј-чувството некогаш да се преведат во јавен израз и во општествено одржлива стварност – како и изострено сознание за опасноста што ја повлекува и самиот обид да се стори тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истовремено, сфатив дека чувството на увереност не се раѓа, или не мора да се раѓа, од статистиката, туку од еден едиствен „уверувачки” момент.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во тој момент знаев дека чувството кон таа друга мајка со ништо не го повредува чувството, љубовта кон мајката што не беше родила и што на така трагичен начин ја загубивме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во таквите моменти човека го опфаќа снажно емпатиско чувство и е во состојба се да стори за да ги извлече (жените) од тоа мирисање на Булгаковскиот пекол.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Еден таков момент за мене беше приликата во која заедно со еден пријател посетив некаква спиритуалистичка средба со многу луѓе во еден чуден дел од Глазгов.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сега знаеше дека чувството што го имаше тогаш беше празнотија – некако преку ноќ животот му се испразни од смисла.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)