дека (сврз.) - всушност (мод.)

„Само по малку. Јас пишувам за тоа бидејќи тоа е она што јас самиот сум го доживеал.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мислам дека е фасцинантно што огромен број луѓе кои што отишле на рејв за да си поминат ептен добро, велат дека всушност доживеале нешто што може да се интерпретира како некаков вид спиритуално разбудување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Не може да се види опачината“, му реков на Владе, „несвесен дека всушност ја читам реченицата што ја гледав на листот хартија“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас не го познавав. Подоцна во разговорот видов дека е наивен, но не ми падна на ум за тоа да го обвинувам, дури напротив, ми беше мило, бидејќи знаев дека всушност се работи за чувства кои во моментот го беа опфатиле.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакаше да докаже дека всушност ниту нештата ниту луѓето не се потполни заробеници на своите имиња и дека не мора да значи дека, ако некоја личност или објект го променат името, тоа обврзно води и кон промена на нивната суштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Освен тоа што енормно беа зголемени законските обврски кои организацијата на легален штрајк ја направија скоро невозможна мисија за работниците, овие изблици на работнички револт сега се во најголема мера, целосно узурпирани од социјалниот дијалог, кој пак е само обична апологија на политичко-бирократските елити за создавање илузија дека всушност нешто се прави за подобрување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А дека тоа е така ме увери она додатно прашање што требаше да ги обезвредни сите размисли со кои заспивав и се будев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Другарот Денков е нов директор на затворот - објаснува спроводникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подоцна заклучив дека всушност станува збор за обмислена постапка со која се поттикнуваше стравот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова објаснување го поврзувам со последното испитување што се случи утринава кај иследникот Кожинката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Во животот нема полесна работа од тоа, да се згреши!“, го прифати мајка ми мојот приговор изречен со лутина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Тој ме испрати да ве доведам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она: „Дали ваквите дилеми не се бегства од суштественото?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И самиот се зачудив од лутината на мојот глас, а ме изненади и сознанието дека всушност и се обраќам на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секогаш се трудеше во секоја од нив да го стави токму она, по што беше посегната таа, а многу често притоа знаеше да забележи дека всушност и тој има едни две сосема исти како оние раце, тоа беше добро видливо секогаш, кога ќе ги добереше до нивните раце што бараа, своите, што подаваа, а после мислеше дека е и тој еден многу сличен човек на сите овие луѓе, што му доаѓаа и со кои работеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во еден момент, шетајки се низ еден парк низ кој се пресекуваат неколку поточиња и уживајќи во присуството на другиот, тие чувствуваат дека всушност се сакаат и дека се создадени еден за друг.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тогаш и не знаев дека всушност шифрантот имаше разузнавачка функција во амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сетив на Сартровиот ламент изречен во неговиот исповеден роман Зборови, кога како во тестамент, по илјадите испишани страници, искрено ќе сведочи оти доцна разбрал дека всушност перото не му било меч.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веруваше дека всушност си ја држел во рацете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но таа разјасни дека всушност сака уредувањето на гробот да биде под нејзина контрола.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога почна да не ми се живее Сфатив дека сѐ уште не сум се родила Кога ми се смачи од зборување Сфатив дека не знам ни да гугам Кога ми здодеаја луѓето и гужвите Сфатив дека всушност сум длабоко осамена Кога решив да променам сѐ Веќе беше доцна! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Интересна и неконвенционална, но во позитивна смисла, е и одредбата која предвидува дека во случај на спор, ако кандидатот за вработување изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на антидискриминаторски одредби од законот товарот на докажувањето, дека всушност немало дискриминација, преминува на страната на тужениот работодавач, освен ако овој докаже дека различниот третман е направен поради исклучоците предвидени во самиот ЗРО – а тоа, пак, е во случаите кои се однесуваат на инвалиди, постари работници, бремени жени, мајки, 15.  Тука би сакале да споменеме и еден компаративен случај од оваа област.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
—Во текстот The Museum of Accidents пишувавте за проблемот на позитивизмот кој се соочува со музеологијата на науката, и за потребата за “наука за антинаучен музеј”. 106 Margina #17-18 [1995] | okno.mk —Во Музејот на несреќите на крајот од текстот велам дека всушност телевизијата е тој музеј.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сѐ уште можеме да кажеме дека всушност не знаеме што е она што ја прави музиката убава, но знаеме кога ни се допаѓа. ñОткрив три употреби на артифициелната еволуција како оружје.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Слушајќи го Игора Лозински првин за разминувањето на империите на фашизмот и сталинизмот, па потоа за природната историја на Езерото, во него зајакнуваше вистината дека всушност историјата на Балканот започнува таму каде што би требало да заврши!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сакам да речам дека всушност зборувам за оној момент кога и во нашите размисли менливиот дел на вистината ја исмејува нашата лековерност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и побрза да додаде: - немам сретнато писател кој не е спремен со секоја постапка да ги разурнува скалилата на својот сон а притоа воопшто не забележува дека всушност трча по патот што води кон идеалната празнина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но во спомнатиов случај открила дека една втасала дури до нејзиното колено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Б.С. изгледа настојуваше да ми укаже дека всушност јас сум едниот од оној мал број познати кој може да си претпостави барем за некоја од причините што довеле до оваа несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нека се снаоѓа со скитањата што ми ги подметна, си бев помислил. – Ми се сторија прилично долги коридорите – додадов. – Уште сум со тој впечаток. – Ах, сакаш да речеш дека непотребно си го губел времето доаѓајки наваму?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секој ден ми станува сѐ појасно, велеше тетка Боса, дека всушност смртта со своето однесување сака само да покаже дека се труди да внесе темелност во своите постапки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и помислувам дека онаа вечер кога ја осатавив на цедило Дуда можев да сторам и таков чекор кој засаекогаш ќе ми ја изменеше судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Велејќи му го ова се надевав дека всушност моите размислувања за она што се случуваше по коридорите му ги испраќам нему.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Б.С. тврдеше дека во разговорите со него Самоников се однесувал чудно после онаа наша посета кај Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Подоцна објасни дека всушност и не се плашела од тие гадинки. Обично ги бркала и газела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги прошетувам низ мислите сиве овие прашања а знам дека се потсмевам на самиот себеси бидејќи сум свесен дека всушност јас и не се трудам премногу за да најдам објаснување за причините што придонеле да заскитам во лавиринтот на настаните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден ден тврдиш дека знаеш понешто а веќе идниот ден соопштуваш дека веруваш оти Јана му била љубовница на Самоников и наеднаш го искажуваш и сомнението :дека сте се сретнале пред мојата врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем не забележа и самиот дека всушност го злоупотребуваш тоа твое понешто?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да сум во опачината од просториите на ноќта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа сфатив дека всушност станува збор за делови на лавиринт, бидејќи секоја патека завршуваше со ѕид што не го разурнува ни најсилната желба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дека всушност и таа преку креветот ги наплатува услугите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога позвони и ја отвори вратата утврди дека всушност и не станува збор за канцеларија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Остави ме да се погрижам на мира!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не си го бутај носот во таа манџа. Margina #21 [1995] | okno.mk 137
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислам дека всушност вујкото, си мислеше дека ќе ми направи многу добро ако посматрам такво дело...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Толку го погодило тоа кога чул дека жртвата бил Кенеди, што веднаш отишол дома; а сега сакаше да знае како јас можам да бидам толку мирен, иако сум му ја раскажувал приказната за Индија каде видов многу луѓе како лудо се забавуваат бидејќи починал некој што навистина многу го сакале, и дека тогаш сфатив дека всушност сѐ зависи од тоа како ти самиот ќе ја прифатиш ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Главно се наоѓаше во состојба на распаѓање - посебно ѕидовите беа во лоша состојба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Малку подоцна ми се јави Хенри Гелдзалер и ми кажа дека ја чул веста во некој ресторан додека ручал. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 165
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одеше до такви крајности што со месеци не готвеше месо, ако беше актуелно прашањето со лудите крави, макар и во некоја земја на друг континент.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, како што итав по улицата на тетка Олга и тетин Јован сфатив дека всушност тоа и не ми беше многу битно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Да донесам нешто - крпи, такви работи, - пропелтечив, но тетка ми немаше време да биде учтива со мене и да ми одговори, туку продолжи со работата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неколкупати сосем се препотив, ми се заврте во главата и ми дојде да повратам, но откако главните кризи поминаа, почнав да чувствувам дека всушност ми е добро и дека можам да го исклучам тушот и полека да излезам од тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Престана да џогира, да слуша француска музика, да пее шансони под тушот и да се обидува да учи француски.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прво се израдував кога чув дека ќе има супа, но кога ја видов супата и сфатив дека всушност е чорба со огромни парчиња бело пилешко месо што се препелкаа во цели реки дебел, надуен ориз, ужасно се разочарав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Така, кога ќе се каже дека причините и последиците не постојат, се мисли дека постои немерлива бескрајност на причините и последиците, дека всушност секоја работа во севкупното време и простор е поврзана со секоја друга работа во севкупното време и простор.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Што има на мајка ми да ѝ вика, кога јас сум таа што згреши?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Веќе бев потсмирена со плачењето, удобно бев сместена во прегратките на мајка ми и се чувствував безбедна, но последниве зборови, колку и да знаев дека татко ми само онака, по навика ги кажува и дека всушност веројатно не мисли баш така, сепак ме избезумија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)