дека (сврз.) - единствен (прид.)

Всушност, излезе дека единственото нешто што не сум го прочитала од него досега, а што било литература или претендирало да биде тоа, се тие писма.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едвард Смит дури смета дека единствена цел на овие филмови е „во суштина, испитување на нашите спо­соб­ности за поднесување на досадата”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Инсистирање­то за вистинско време не е толку воочливо кога се применува на субјект или сиже кое е доволно атрактивно само по себе да го одржува вниманието (документарно интересен настан), но кај Ворхол тоа е склопено со некои толку монотони, репетитивни сижеа (односно објекти, дејства) кога се во прашање концептуалните дела, што уште повеќе ја продлабочуваат нивната монотонија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рече дека единствена личност на ЛСД со уште нешто малку хумор во себе е Тимоти Лири.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пол го обвинуваше ЛСД-то за исчезнувањето на хуморот во шеесетите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа насетува дека единствен начин да се уништи она што е таму, а сепак да не се уништи, е - да се уништи себеси.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И сега дури ѝ се чини дека единствен беше нејзиниот свекор кој не се обѕираше на тоа што зборуваат и што мислат луѓето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И дека единствената уметност е онаа што е создадена од љубов кон саканата жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Досеткава, да беше насочена кон друг, а не кон себе, или кон некого друг, а не кон саканиот, ќе поминеше како чисто омаловажување поради имплицитното уназадување на маж од благородната положба на машката достоинственост во пониската положба на женската тривијалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, дури и по Стоунвол (или особено по него), предосудената тактика да се смажестиш и збучиш за да бидеш пожелен баш и не изумрела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, Пруст сметал дека единствениот начин геј-мажите да го надминат посакувањето стрејт-мажи и да успеат да се посакуваат меѓусебно, би бил да се прелажуваат, да ги глумат вистинските мажи какви што самите толку катастрофално не успеале да бидат и што е можно подолго да ја одржуваат шарената лага (иако никако нема да им успее да се преправаат многу долго).319 Така било, се разбира, во старите лоши времиња, пред геј-ослободувањето, кога геј-светот сѐ уште бил поларизиран поради поделбата на кралици и трејдови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ќе беше и двојно поомаловажувачка во контекст на машката геј-љубов: бидејќи машката хомосексуалност во мажественоста гледа суштинска еротска вредност, да се претставиш себеси или да го претставиш партнерот како да се одликува со женствена идентификација, па уште и да ја изложиш таа женствена идентификација на јавен потсмев, би било да се омаловажиш себеси или да го омаловажиш дечкото како сексуален предмет и како средство за остварување сексуална фантазија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога со денови и со недели не успеваше да ја пронајде во себеси музиката, а беше исполнет само со тишината на празнината, помисли дека единствен начин да се пронајде себеси е да се побара на некое друго место.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, како што е запишано во делото на Вајлд, младиот Греј, воопшто не ѝ посветува внимание на поуките од двајцата пријатели, па и понатаму смета дека единственото нешто што заслужува љубов е актерката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
“Од времето на Дарвин ние мислиме дека единствениот извор на ред меѓу организмите е нивното меѓусебно мешање и селекцијата”, објаснува Стјуарт Кауфман, биолог - теоретичар од Универзитетот во Пенсилванија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во него стоеше дека единствен наследник на имотите е Рада, на оној во Бечеј и на оној во Качарево.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И тој, како и Татко, фанатично веруваше дека единствениот спас за нив и за нивните семејства, по сите пропуштени шанси во нивните ветувачки кариери, едниот во Цариград, другиот во Париз, нивната последна утеха, беа книгите, само со нив и во нив се чувствуваа како победници со неостварени илузии. И само книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најчесто сите во свеста ја имаат - првата линија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури и Декарт во своите познати Медитации ќе ја илустрира метафората на прогресот пишувајќи дека човек не треба да прифати да скита во една гора и дека единствениот пат да го најде излезот е да оди по една права линија, без оглед на пречките.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа не прифаќаше дека среќата не постои, дека единствената победа лежи во далечната иднина, долго по нивната смрт, дека од моментот кога ќе и објавиш војна на Партијата подобро е да мислиш за себе како за мртовец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одамна беше сфатено дека единствена сигурна основа на олигархијата е колективизмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сајм одгриза уште едно парче од темно-кафеавиот леб, брзо го проголта и продолжи: „Зарем не сфаќаш дека единствената цел на Новоговорот е да го стесни опсегот на мислата?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзиното долго отсуство како да му ги отвори очите, па реши дека единствен начин да дојде до тоа што навистина го сака е решителноста и храброста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја праша дали го знае S - A - T - I - E, но и него не го познаваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И покрај тоа што сега раскажувам за сите овие работи како тогаш многу да ми биле интересни, морам да признаам дека единствената работа што ми беше на ум беше да отидам во тоалет и да се отарасам од тридневното пеколно тегобно чувство.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А ти, економист, а? - по некое време разговорот се пренасочи на мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Твојата последна книга, која трага по Елен Лејбовиц една таинствена жена што сосема ненајдено, според својот сопствен избор и по своја свесна одлука, накратко влегла во Твојот живот, но и излегла од него на сосема идентичен начин не може да се толкува поинаку освен како низа фрагменти од љубовниот дискурс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Живеејќи семејно и општествено токму вака како што денес вообичаено се живее и модернизирајќи ги, соодветно, нашите семејни и пријателски релации така што сѐ побегло се познаваме, сѐ помалку си кажуваме, сѐ пократко се гледаме и сѐ поретко си зборуваме (но си пишуваме СМС-пораки!), ние сосема ја загубивме драгоцената можност да комуницираме и со тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Воспитувајќи ве имено според таквиот модел, вашите родители вам ви го пренесоа најсуштественото: дека единствениот приоритет во секој еден живот не се ниту материјалните вредности (колку и да се тие важни), ниту формалните успеси и таканаречената слава (колку и да е таа заводлива), дури ниту култот на здравјето на кој толку често се повикуваме...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Толку е неподносливо, што се чини дека единствен излез е да се промени во чин.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)