Размислува за тоа колку е гладна, кога некој ⥊ нуди половина сендвич со џем и путер од кикирики.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Информацијата напишана на кафезот вели дека златниот орел може да живее триесет години, подолго од многу филмски ѕвезди, подолго од Хендрикс и Џенис и Џим Морисон и Џејмс Дин.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оваа птица овде најверојатно ќе ја надживее Сани.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тогаш, Паца го наведнала погледот зачистувајќи си ја футата и истргнувајќи си го фустанот преку колената рекла, повеќе како за себе, ама добро да чуе Спиро: „Ете, како да е вистина тоа што се вели дека златен свети Наум е чудотворец!“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
После тоа често им приоѓав близу: прв пат воочив дека златната ларва се разликува; меѓу челустите им го ставав со лак премачканиот нокт што го пуштав да порасне; го посматрав движењето на нивните челусти, краковите на пипалките, главите во форма на череп, линиите што го опашуваат абдоменот и во положбата на оклопот, дури и онака превртен, ја пронајдов жестината на погледот на Гогеновите домородци.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)