дека (сврз.) - минат (прид.)

Помладото внуче завршува со левата дланка на дедото, му рипнува на колена, му ја расчелува устата. – Немирко мој – се восхитува дедото – Заборави дека минатиот пат ми ги искорна забите.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Суштеството без очи на другата маса го проголта, фанатично, страсно, со жестока желба да му влезе во трагата, да го пријави и да го испари секој што би се осмелил и да спомне дека минатата недела следувањето изнесувало триесет грама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претставникот на „Македонија-дрво“ објаснуваше дека на овој пазар добро минуваат и дека минатата година направиле промет од над 1.300.000 германски марки, а годинава се надеваат прометот да го зголемат за уште 500.000 марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој го потсети Татко дека минатиот пат се договорија да трагаат по излезите на балканските лавиринти низ јазиците и јаничаризмот и дека е готов да прими порачки за да набави книги од овие области.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И со колкава сериозност треба да се толкува некоја намера што сме можеле да ја имаме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А таму јасно и нагласено стои дека минатата вечер изјавив оти ќерката на Ѓурчин ја имам видено повеќепати и дека единствената намера што сум можел да ја имам при тие случајни средби веројатно била желбата да ги откријам сличностите помеѓу нас двајцата: помеѓу неа и мене, се разбира, во колку постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сепак, дали навистина се било токму така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)