Да не беа пристаништата, морињата, а рака на срце - и компасот, сѐ уште ќе се занесувавме дека земјата ни е рамна како тепсија, и дека никакви непознати земји и народи не постојат од другата страна на нашава планета.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сигурно Ѓорче ќе ни каже — промрмори Сарафов, иако знаеше дека никаква помош нема да дадат неговите пријатели.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Погледот на лицето од болничарката беше доволен за да сфати дека никаква молба нема да ѝ помогне пред таа џиновска жена во униформа која, поради нејзината извонредна сила, ја викаа Херкулина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоше и Милан покаснаа од тоа што беше останало и бргу отрчаа до „Висока".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нели велиш дека се гордееш со мене и дека никаква поинаква мајка не би си посакала?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тоа беше вистина, признавам, ама исто така беше вистина дека сум многу несреќна без неа и дека би ми било подобро да немам странски облеки и играчки, само и само таа да не мора да патува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Официјалната верзија беше дека таа црна овца е од една позната, стара фамилија и дека имала бурна историја на сомнителни несреќи во неколку лудници во Шпанија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)