дека (сврз.) - поголем (прид.)

Важно е да се каже дека поголемиот дел од претставените дела се наоѓаат во колекцијата на Чарлс Сачи, рекламниот магнат кој и самиот ја збогати комерцијалната поп-иконографија во своите реклами.15 Уметноста од рекламата ги позајми моќта за комуникација и манипулација, но и увидот во организацијата на економскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На ова место се затвора како концептуалниот круг на односите на новата британска уметност и поп-културата така и кругот на пазарната логика во којашто таа се наоѓа. 186 okno.mk Оваа пазарна логика (која кај нас нема шанси да постои уште долго време), истовремено е инспирација и природно живеалиште на праксата за која што стана збор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ми се чинеше, дека поголема станица, со толку многу перони, нема.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога зборувам за оформување тим кој ќе работи на стрипот за Симпсонови, претпоставувам дека поголемиот број читатели на стрип магазините го сметаат стрипот како средство за индивидуално изразување на единствената идеја на авторот која тимот ја подржува, црта, пишува и сл. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Дали си чест посетител на продавниците за стрипови? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уочувајќи го фактот дека поголемиот дел од населението за кратко време се отрезни од „ослободителна мисија“ на бугарските војски и станува сѐ понезадоволно определувајќи се на страната на НОД, бугарскиот окупатор превзеде разновидни мерки, прво „мирољубиви“, а подоцна брутални со цел да го оневозможи и во корен да го ликвидира НОД во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Овде Ламби ќе забележи дека поголемиот дел од италијанските војници “им се придружија на партизаните или ги помагаа партизаните во оваа област, беа добро вооружени со опрема земена од италијанската дивизија во време на капитулацијата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Утврдено е дека поголеми дози можат да предизвикаат инфарктна состојба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гинсберг понатаму тврди дека поголемиот дел од современите американски и британски уметници веќе со години пушат марихуана.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
В ред, ако постои голема желба и на обете страни, оној што те одминал можеш и да го престигнеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сетив како ме тегне за рамото и сфатив дека се разденува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А при крајот на сите дилеми Таша, во спомнатиов разговор, го придодаде и овој воопштен заклучок исполнет со многу противречности: "Впрочем зар не е општо познато дека поголем дел од мажите немаат друга цел освен да ти поминат низ животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но и додека ме разбудуваше знаев дека поголемиот дел од ноќта ја поминала будна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу одамна се откажав од философијата бидејќи мислев дека поголемиот дел од неа е премногу опскурен за да биде од некоја корист во тековната дејност на терапевтите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Премногу често философијата е длабоко вовлечена во “читање помеѓу редови” а мојот истражувачки тренинг и моето читање на Витгенштајн ме научија да избегнувам читање помеѓу редови бидејќи, за жал, таму може да нема ништо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако сериозно ги разгледаме негативните ефекти, не можеме а длабоко да не се замислиме над разјарените последици од поголемата достапност на јаки дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова, секако, би било подобро од рекламирање на крекот, но истражувањата во врска со алкохолот наведуваат на заклучок дека влијанието на рекламата врз потрошувачката е незначително.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овде не станува збор за никаква фиктивна земја, во прашање е Шведска.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вкупниот пораст на потрошувачката на јаките дроги нѐ загрижува поради тоа што од историјата на алкохолизмот знаеме дека поголемата потрошувачка предизвикува и потешки општествени и здравствени последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Примерот на Шведска не значи дека криминализацијата не создава проблеми, туку дека поголемиот број од тие проблеми - како и проблемите кои произлегуваат од легализацијата - зависат од општествениот контекст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неспособноста да се објасни на­чинот на кој ќе се ограничи потрошувачката, посебно загрижува поради фактот дека поголемата потрошувачка речиси сигурно би го влошила општественото раслојување што го следи проблемот на наркоманијата и би довела до нејзина концентрација меѓу сиромашните или оние што се на самиот раб од сиромаштвото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, Марија беше свесна дека поголемиот број од злосторниците кои ја воделе војната, веќе одамна ги нема.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Речиси јас сум сигурен дека поголемиот и поодговорен дел на мојата личност беше само нем сведок на насатанот за кој ќе стане збор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мошне е веројатно дека поголемиот дел од тие луѓе едноставно се заплашени, конфузни, беспомошни и вознемирени, и дека не им се допаѓа што се на тротоарите и дека би сакале да се засолнат. Затоа, да ги засолниме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Да го охрабриме приватниот сектор да се врати кон идеите на Армијата на Спасот, да ги отвориме вратите за оние што се надвор среде зима!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Погледна наоколу за да се увери дека никој друг не може да ја чуе, и со тивок и возбуден глас рече: - Дознав дека поголемите девојчиња, секој месец по неколку дена, непрекинато мочале крв.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знам дека поголем дел од проблемот лежи во мене, па затоа се трудам да не фантазирам многу на таа тема.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)