Во овој случај кратењето на дотогашните права е во две насоки: прво, порано рокот за поднесување на барањето беше подолг и, наместо осум, изнесуваше 15 дена (чл. 144, ЗРО ПТ/03); и, второ, веќе не постои изречната одредба која на поднесеното барање му признаваше суспензивно дејство, односно пропишуваше дека самото поднесување на барањето од страна на работникот го задржува извршувањето на одлуката – сѐ до донесувањето конечна одлука кај работодавачот, освен во случаите утврдени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако овој, во натамошниот следен рок од дополнителни осум дена по врачувањето на писменото барање од страна на работникот, не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го отстрани кршењето на правото – работникот може, во рок од 15 дена, да бара судска заштита.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот оправдано образложи дека самото постоење на зборот жалба, во оспорениот член, создава правна несигурност кај граѓаните – што, пак, е спротивно на уставно постулираното начело на владеење на правото, коешто во себе го содржи начелото на законитост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, кога станува збор за заштита на права пред суд, во нашиот правен систем постапката не се поведува со жалба, туку со тужба – согласно ЗПП (2005).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Всушност, тие припаѓаат на она што денес се смета како домен на општата семантика, и не гледам никаков разлог дека самото тоа ги прави бесмислени.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Избегнувајќи го овој заклучок, исто како Ремзи, ја гледав философијата како анализа, а пропозициите на Трактатот, во поголемиот број случаи, како аналитички вистини.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Без да биде свесна дека сама си се лекува од состојбата во која се наоѓаше, таа ќе стануваше и постојано беше зафатена со непотребни секојдневни работи во куќата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Чувствував дека сама не сака да оди таму.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се прочу глас дека е жива, дека била трудна, дека сама без помош се породила.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Заклучокот од тоа е – дека самите пропаганди признаваат оти во Македонија има само една словенска народност; значи, утврдувањето дека Македонија не претставувала етнографска целина противречи на нивните постапки.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Маса Ќулумоска кажуваше дека сама ѝ ги избришала солзите на Богородица од иконата во камарчето. Ја одврзала шамијата од глава и ѝ ги избришала солзите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На моменти сакаше да ја напушти оваа потрага уверен дека самиот универзум е лавиринт!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меѓутоа, оттаму никако не следи дека самиот принцип на национализмот, спротивен на аватарите што случајно ги прибира за своите отелотворувања, во крајна инстанца е контингентен и случаен”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Мора да е некаде околу тој датум, зашто беше прилично сигурен дека самиот тој има триесет и девет години и веруваше дека е роден во 1944 или 1945 година; но сега беше невозможно да се утврди каков било датум во рамките на една или две години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Судот оправдано образложи дека самото постоење на зборот „жалба“, во оспорениот член, создава правна несигурност кај граѓаните што, пак, е спротивно на уставно постулираното начело на „владеење на правото“, коешто во себе го содржи начелото на законитост.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ЉУБА: Тебе ти е исто така добро познато, како и мене, дека самото тоа дете играше со нив вчера по позирањето. 156 Margina #17-18 [1995] | okno.mk ТРОШЧЕЈКИН: Тогаш требало веднаш потоа да се соберат и да се стават на место. (Седнува пред ногарките.) ЉУБА: Ама каква врска имам јас тука?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Стале виде оти работата тргна и дека сам ќе те претовари во работа, та си создаде помошници.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Та не су јас суа во рацете па да и а дада нејзе половината в'на? —си помисли и ѝ кажа отворено дека сама ќе си ја работи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Утре ќе ми рече дека сама си го заслужувам белегот, затоа што сум можела и цела куќа да ја запалам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Така би рекол дека ќе дојде за половина час, значи не рече дека ќе дојде за 30 минути. Можеби рекол 25.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Од своја страна, имајќи ги предвид програмските цели на македонското народноослободително движење, политичкото и военото раководство на НОВ и ПО на Македонија во своите настапи како зацртана цел го имала обединувањето или влегувањето во некоја поширока федерација на балканските народи каде што повторно Македонија би била обединета.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Она во што биле сигурни британските експерти, според развојот на настаните, било дека самото формирање на македонската држава во основа не го исклучувало прашањето за обединувањето на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Иронично, она што ја поткрепува позицијата на Дерида, е фактот дека самото попречување на желбата е неопходен услов за самата желба да се развие, оној секогаш речиси безгласен близнак кој ја придружува емоцијата, како што го дефинираме и, според тоа, невозможната присутност извитоперено се пројавува/прикрива самата себеси во аргументот на Дерида.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се чинеше дека сама ќе запре, толку многу беше исцрпена.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)