дека (сврз.) - споменат (прид.)

Вчудоневидени ќе дознаеме дека споменатата пракса во работата на сонот им е својствена и на најстарите нам познати јазици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Притоа во онаа моја последна реченица посебно бев нагласил дека спомнатиот наш разумен предок всушност уште тогаш се заложил да се отфрли неконтролираната моќ и да ѝ се пријде на вистината со добриот збор, со учество на секој поединец во создавањето на таа питома разумност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, и тоа е наша задача, реков, да ја негуваме таа питома разумност...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мотивот за споменатото преуредување беше очекувањето дека споменатото мислење е „адекват­но“ за спознавање и совладување на околината, можеби дури и за совладување и спознавање на човекот и општеството.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Субверзивноста и комплексноста на таков еден гест најдобро се покажа на изложбата на секогаш контро­ верзниот Mappelthorp при што фотографијата „Марти и Вероника“ којашто користи порнографска иконографија (Вероника Вера во типична порно-поза) стигна во средиш­тето на еден судски процес.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кустосот на галеријата која­што ја беше поставила излож­бата беше ослободен откако заклучиле дека споменатата фотографија сепак е уметничко дело бидејќи „може да се препознае класична форма“. 30 okno.mk Не е случајно што Ани Спринкл и Вероника Вера, главните претставнички на „пост-порн модернизмот“ стигнаа во „performance art“ директно од прости­туцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Процесот на Галилеј, Рим, 1633, документи што ги собрал Giorgio de Santillana Margina #32-33 [1996] | okno.mk 87
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)