дека (сврз.) - човечки (прид.)

Да се смета дека Деридината философија е антропоцентрична може да се чини погрешно, бидејќи тој го отфрла поимот за унифициран човечки субјект.25
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, тој е антропоцентричен кога прифаќа дека човечките суштества треба да бидат конечно мерило за вистината на уверувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Немам намера да ја омаловажам Деридината инвентивност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хегел никојпат не тврдел дека човечкиот субјективен „светски разум“ го создава движењето на категориите на „објективизираниот апсолутен дух“ во природата или општеството (неговата дијалектичка филозофија го признаваше приматот на надворешниот, „објективизираниот светски разум“ над самоспознатиот, „субјективниот разум“ кај човека), туку верувал дека во неговата филозофија „апсолутниот дух“ се „самоспознал“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Од тоа не излегува дека човек со својата логика може да го создава движењето на логичките категории на „апсолутниот дух“, туку дека човечкиот разум, како една од појавите на „светскиот разум“ субјективно го открива „објективизираниот“ „апсолутен дух“ во природата или општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Едвард Сапир тврди дека ‘јазикот е еден водич во општествената реалност’ и дека човечките суштества се на милост и немилост на јазикот кој станал медиумот на изразување за нивното општество.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Вие верувате дека човечките суштества не се способни сами да се управуваат и затоа...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Светот во кој мажите и жените се раѓаат е само нешто површинско, овој или оној општествен, законски или вредносен систем.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Фукоовите класични студии за политиката на јазикот и за контрола на свеста го однесоа дотаму што тој веруваше дека човечката свест - изразена низ говор и слики, самоодредувајќи се и взаемно одредувајќи се... - е автентичен терен што го одредува човековото општествено битие...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Животот ја беше научил Мајка да верува дека човечката среќа е составена од повеќе делови и дека нејзе секогаш ќе ѝ недостига еден дел, понекогаш можеби битниот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)