Разликата е во тоа што за соодветно вработување се смета она кое е во согласност со видот и степенот на завршеното образование на лицето и стекнатите вештини наведени во пополнетиот формулар кој го доставува до АВРМ, а пак за погодно она за кое е потребно образование или вештини кои се најмногу еден степен пониски од образованието или вештините на лицето, наведени во пополнетиот формулар кој го доставува до АВРМ. (чл. 57 и чл. 58) Со чл. 59-а се предвидува обврска за невработеното лице лично да се јавува во АВРМ на секои 30 дена и да докаже дека активно барало работа во последниот месец, а друго лице кое бара работа да се јавува на секои шест месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Најбитна новина која се внесува со оваа измена во чл. 58 ст. 1 од Законот е обврската за невработените лица лично да се јавуваат во Агенцијата за вработување на РМ на секои 60 дена и да докажат дека активно барале работа во последниот месец, со што овој рок се скратува на штета на невработените, бидејќи претходно истиот изнесуваше 4 месеци без да биде наведена обврската за докажување дека активно барале работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)