Низ проѕирниот мрак, ако се сака, може да се насети дека младичот наминува → ПИСМО Драги наш сине, Се надевам дека вака обемното писмо пријатно ќе те изненади, иако ќе бев многу порадосна да го прославиме роденденот заедно со тебе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, кога ќе почувствуваше дека вака сериозна тема може да му натежне, да му го расипе денот, Ласте Думбаровски со мислите ќе се сконцентрираше само на трнот, како магарешки, и на магарето, како такво, ќе ги релативизираше нештата, ќе се опуштеше, ќе ја пикнеше муцката во кожната јакна, ќе се изнакикотеше, и слатко ќе задремеше во фотелјата сместена во малата канцеларија, веднаш до просторијата за прием на стока.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И, тогаш си реков: „Зое, на што личиш? Мислиш дека вака ти е подобро?
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Бојан, бре…, Бојанчо, маченику мој, постои ли нешто друго по смртта, ах да ме видиш од некоја страна колку ми е мачно, сигурно не веруваше дека вака ќе ми биде. Колку многу смртта твоја ме боли…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- Сега знаеш – рече Игбал. – А, јас знаев дека ќе бидеш способна за телепатски разговори.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Си спомнувам – реков – ама не знаев дека вака може да биде.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ама, јас знаев дека вака ќе дојде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Беше еден сосема тих глас, а по него еден длабок одглас на нешто како далечен истрел, кој потоа како да се повтори од поблиску, а низ сето тоа, едвај дофатливо за слухот, се носеа последните одзвуци од нешто, што не беше ни писок ни волчешко завивање, а тој во таа своја потонатост можеше уште да помисли дека вака може да се разреси во своите последни одзиви само човечкиот вик.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знаеше дека вака некако мораше да изгледа почетокот на приближувањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Не сум сигурен дека вака изгледа добар бизнис“, рече пиратот, ценкајќи се.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Вреќичето со коренот му лежеше на крстот како на свикнат самар - стариот железничар се сеќаваше дека вака ги носеше на грб сите свои синови кога се качуваа на Водно.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Јас... јас... – почна Зоки, и уплашен дека вака како што пошло ништо не ќе добие за ручек, одненадеж се досети: - Јас го кревав капакот на тенџерето...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Се вовлековме во трапот и Коле, како мудар водач, се зафати да изготвува план: - Точно е дека вака не им можеме ништо...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Шишето го кршиш СМРТ Човек без рака се каса за газ, И џвакаш срча По небото шетам, и без да го допреш исфрла млаз, облаци пасам, 10 годишно девојче со 1100 мажи, А имаш добра работа не ни сонував бебе јаде метални гаражи, Мртовци ти возиш дека вака ќе се спасам. чичко кој од нос вади 100 кила руда, Шлогирани и усрани црно маче игра шах со Буда.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
На овој начин синдикатот станува многу понезгоден за манипулација, бидејќи наместо еден лесно поткуплив синдикален лидер или тесно кршливо раководство, тој е составен од многумина самосвесни водачи. 1 3) Предолго траење на судските работни спорови Иако, според УРМ (1991), секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на РМ, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност и иако, законски, во постапката во споровите од работните односи, а особено при определувањето на роковите и рочиштата, судот секогаш ќе обрне посебно внимание на потребата од нивно итно решавање (чл. 405, ЗПП) – сепак, во праксата, работните спорови траат недозволиво долго, па дури и предолго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Максималното пропишано полугодишно траење на овој тип постапки, наместо да биде правило, тоа е само редок исклучок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2 Токму во духот на онаа позната максима дека „задоцнетата правда е неправда“, мора да се стави до знаење дека вака воведените законски рокови од инструктивни, треба да станат облигаторни за судиите – на тој начин што би се предвиделе и санкции за нивно непочитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Чудно што баш во таа ситуација се присетив дека човекот пред мене се вика Стојан, и што тоа веднаш го поврзав со една мисла на Димитар Талев во “Преспанските камбани” дека сите Стојани во Македонија се дојдени од село, и што, најсетне, дури не по сопствена волја, се насмеав а човекот, не сфаќајќи што ми се мота низ главата само ме прекори дека тука нема ништо смешно, дека вака било, онака било, главно само за тој фамозен ѓон зборуваше, и за тој Шилото кај кого требаше да отидам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)