На Винстон му пролета низ главата мисла дека веројатно би можел сосем лесно да се изнајми собата за неколку долари неделно, само кога би се осмелил да ризикува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Си велев дека веројатно сите момчиња им го прават тоа на своите девојки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Откако тоа ќе се увиди, почнува да се чини дека веројатно Дишан практикувал да избира детали од Жариевото дело, вон контекстот, и да ги употребува на автентичен начин.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И покрај штотуку завршената прва година средно, таа изгледа сосема немалолетнички, со што ме убедува дека веројатно ќе се јави уште утредента наутро, и ќе продолжи да ми ѕвони упорно, во кратки интервали.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Може да претпоставиме дека веројатно тоа и била идејата на Бах; меѓутоа идејата дека истиов процес би можело да се повторува до бескрај несомнено му се насмевнувала, и можеби токму од тие причини Бах напишал на маргината: “Како што модулацијата оди по нагорна линија, така нека биде и со славата на кралот”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Вистина е дека веројатно никогаш повторно нема да го почувствуваш истото, зашто тоа било тогаш и тие услови никогаш нема да бидат истите.“
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Затоа, земаат уште една. Пак не е тоа. Па уште една.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Негде, околу десет, свратив на едно пиво кај Ило Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ѝ реков дека веројатно настинала.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сфатив дека веројатно по третпат ѕидот бил премачкуван.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ема веднаш го покри со раката за да не забележи некој, а со ракавот од блузата си го избриша челото.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа ѝ светна дека веројатно и нејзе ѝ се направиле потни кругови исто како на водителката во емисијата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А татко ти, гледај го само тоа, во моментот кога ќе се случеше несреќа, секогаш ќе изјавеше дека веројатно не бил на работното место.“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ѝ напишав: Можам да си замислам, Аксја, како се чувствува еден ситен мал човек седнат на стол во самиот центар на земјата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Ѝ одговорив на ќерка ми дека веројатно би се загубил во тој испеглан простор.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Подоцна сепак заклучив дека веројатно станувало збор за еден посебен вид молба за помош; или само збунетост во која е содржана спомнатата молба?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ослободен дури и од раздвоеноста што ја чуствував, а и од онаа глупава помисла дека веројатно само на едниот од двата мои раздвоени дела му е наметната неодредената одговорност во врска со оној несреќен настан од сношти.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се разбира, јас сметав дека и оваа приказна на мојот пријател Раде е измислена за да се оправда политичката ликвидација на двајцата видни партизани за кои многумина сметаа дека веројатно застраниле.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)