дека (сврз.) - денес (прил.)

Мислам дека денес веќе го прават тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: Што? Не веруваш дека денес на мојот роденден можам да остварам многу свои желби и тоа баш со оваа ламба?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој арапски прдеж не би можел ниту чорапи да исплете, а камоли да ме натера да се заљубам во џуџе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред три години не би се осмелиле да му се вратат на дилерот и да се побунат ако таблетата е лоша.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе земам еден весник, додека го чекам утринскиот автобус, си реков на крајот, кога дефинитивно сфатив дека денес сум препуштена самата на себе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Едни велат дека денес Истанбул има над стотина илјади коли, други мислат дека има повеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А треба да се знае дека денес Бугарија се наоѓа на едно од првите места по користењето на водата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А, да, зборот ми беше дека баш синоќа, во состојба кога главата ми беше полна со зборови, мисли, горчлива течност, “правила”, не земав лист хартија да ја исфрлам сета мачнина, “епохална самотија” само затоа што знаев дека денес ќе ја добијам машинава и сето тоа иако во главата внатре е хаотично, ќе биде посредено со помош на овој предмет пред мене кој бил, освен прашината, голема инспирација за Ли.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Она што во Германија им се префрла на поединци - не толку фактот дека некогаш работеле за тајните служби на тоталитарните држави, туку токму тоа дека денес тој факт го премолчуваат - кај нас би можело да му се префрли на целото општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Да не бевме оделе на кино, се чини дека денес речиси ништо не ќе знаевме за модерниот граѓански свет и живот. Identity means not having to have a home. Awareness, for me, has something to do with not being at home. Awareness of anything. (Wim Wenders) 34 okno.mk ЖЕНИТЕ НЕ МОЛЧАТ Кој е похрабар, мажите или жените?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Завчра Коле радосно ни соопшти дека денес повторно ќе нé учи тетка Анѓа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Овој народ небаре заборава дека денес сите народи како да се на маргините, зашто, всушност, не постои центар!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Народот на тој историски простор како да не сака да осознае кој бил и што бил, кој е и што е.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да останеа сите тие луѓе, мислите дека денес ќе беше подобро?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Жеравите бегаат од студ, тоа значи дека денес, утре снегот може да престане, но што потоа?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Сè ми се чини дека денес засекогаш се збогувавме со дедо Иван.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не сакаше да се помири со тоа дека во животот постојат и закони и сили кои можеби не се праведни, но тие се тука, и треба да се примаат како факти; како што се прима фактот дека денес, наместо сончево, времето е – облачно, господин судија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му одговорив дека не знам, и дека денес цел ден не сум гледал ниту телевизија, ниту сум слушал радио.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Рече дека денес, особено луѓето кои се членови на Партијата, се залагаат со сите сили за „организирана народна културна дејност“; говореше за неодложната потреба „да се соберат сите одбранбени против деструктивните сили, кои денес владеат на културното поле на татковината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И рече дека денес, откако јас сум се опијанил, ѝ пришол Фискултурецот и ѝ рекол да појде со него до Велес, оти по пат треба да ѝ го соопшти решението на централниот комитет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаме разлог да се надеваме дека денес можеме да се задоволиме со овие микролошки перспективи кои би можеле конечно да ги потиснат застрашувачките амбиции на критичкото нивелирање, инаку, издиференцираните слики на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Макар што вековните соништа, глобалните критички утопии, никогаш не се остварија, споменот на нив се чини е сочуван во самосвесниот партикуларизам на малите нарации.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Често има смисла тоа дека денес живееме во комплетно транснационален свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мислев дека денес ќе можам да го убедам вашиот син ако не да се откаже од своите намери, тоа барем да се фрли под друг, а не под мојот воз.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ми се чини дека денес поминавме покрај песуците, но не го видовме ниту морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бројки... и штом затвориш очи чиниш живнуваат, се насмевнуваат и ветуваат дека денес, утре, задутре, в година ќе си дојдат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓутоа, има причини да се верува дека 76 за доз­волата за приватна продажба на дрога оваа земја не би ја претворила во голема пушилница на опиум.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На пример, Соединетите Држави изгледа дека денес немаат поголем број зависници од хероин по жител отколку што тоа бил случај во времето кога уживањето на таа дрога било доз­волено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеме да кажеме дека денес ВИ системите можат да покажат само ограничени аспекти на интелигенцијата, но не можеме да видиме никаков доказ против континуираниот развој на овие системи, сѐ до точката кога ќе може да се каже дека тие покажуваат интелигенција со сите длабоки конотации на овој термин.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Прво, јас ќе прифатам дека денес ВИ е ограничена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Посебно беше импресиониран од тврдењето на Вук дека денес нема на овој свет ниту еден јазик (ни стар ни нов) во кој нема туѓи зборови!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да ги предупредиме сега сите оние заспани духови дека денес повеќе од кога било е јасно дека овде станува збор за намера општеството да се варваризира.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Не ли мислиш, повторувам, дека твоите „чувства” еволуирале и дека денес прилично комотно дозволуваш да рекламираш одредени буџети?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„ Мислите ли дека денес имате повеќе слобода отколку што сте ја имале во тоа време ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти самата виде дека денес сите доаѓаа, се интересираа, ме советуваа...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислам дека денес живееме во многу покомплексен медиски свет и толку поедноставените идеи веќе не функционираат, иако и понатаму постојат причини за развој на радикалната медиска критика.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ШЕЛ: Во таков случај дозволете да ви соопштам... само што дознав, кој се вратил, јас со растревоженост се сетив, дека денес на пладне од кај мене купија револвер од системот “Браунинг”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Водата од реката ни се чинеше дека денес тече побрзо од другите денови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сакам само да бидам среќна.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Тешко е да веруваш дека денес сум овде со срце и душа.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Додека трчав мислам дека слушнав како Б.С. ме советува да ѝ речам на девојката дека денес немало симиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури по многуте нејзини лелекања што ги избегнував тргајќи ја слушалката од увото, разговорот фати нормален тек, поточно Роза спомна дека денес би можела истовремено да плаче и да се смее бидејќи во овој момент ѝ се причинувало оти животот ѝ се движел на патерици!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јасно е дека денес многу уметници се стремат кон побогато и поавтентично искуство на реалноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Патот до него е соочување со сопственото „невино” око. извор: ARTnews, април, 1995. превод: Емилија Георгиевска 112 Margina #21 [1995] | okno.mk 3
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никој од нас нема да заборави дека денес беше вторник, оти секој вторник во ноќниот клуб се свири блуз.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Мислам дека денес е лесно да се исчитаат тие апстрактни шеми, зарем не? (Треба временски да се утврди нашиов разговор: воочи необично „земската“ фаза на војната).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што претходно го изне­сов во врска со одговорноста повеќе е бележење кон некој закон, кон еден импе­ративен налог кому конечно би требале да му се покориме, исклучувајќи ја секоја норма, нормативност или она што денес се смета за нормалност, без било што што најпосле би било предмет на знаење, би му припаѓало на некој ред на бивствување и на вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Литературата ни нуди чудна, мистериозна утеха, понекогаш можеби опасна во своите предвидувања, но спасоносна и ослободувачка...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но се чини дека денес во светот генератори на новите жртви не се религијата и идеологиите, туку несогледливата и незапирлива консуматорска експанзија во развиените земји, како и национализмот, во напорите да се истрае во задоцнетото создавање на државата-нација, како што впрочем се случува на Балканот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
БОРИС: А тоа дека денес нема да добиеш вода?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А јас мислам дека денес сите ридови на целиот Пинд се Клефтис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најверојатно без многу ризик можеме да тврдиме дека денес популарната музика со своите карактеристики е некаков основен модел на современата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе заради мојата “зависност од музиката” не можам (и не сакам) да тврдам дека написот што следи е нешто повеќе од субјективен поглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од содржината пак ќе му биде веројатно секому јасно, каде се насочени моите симпатии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да ви речам само уште толку, дека денес кај нас се печатат многу убави книги, многу поубави одошто во моето детство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Мислев, реков, знаејќи дека денес не сум на работа, денес денот ќе го поминеме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)