Учителката го изведе пред таблата, и јавно пред сите, го изискара, и го натера да се извини, да каже дека згрешил, дека другпат тоа нема да го прави и да ги врати сите работи што ги украл.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Кога тајфата, по некоја година, се вратила во Влашко, Коте Клунков беше рекол дека другпат секого ќе го земе со себе на печалба, само не Петрета Маљанов.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)