Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој сакаше да се поздрави со домаќинот, но не му даваа да си оди велејќи дека задолжително треба да испијат по една чаша шампањско во чест на подновувањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)