Сокол Мечевски замина, со надеж дека набргу, на чардакот, ќе седи заедно со својот пријател и ќе ја продолжат запрената потрага по сиџилите....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Али Фети Окјар се надеваше дека внукот ќе го прифати предлогот на Ататурк и дека набргу со својата мајка од родот на Фетиевци и со својот татко, припадник на Старовите албански бегови од Поградец, со братот и сестрите ќе се најдат во Цариград со нова среќна, бериќетна и ветена судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Грлото му се стегаше додека трчаше не забележувајќи ја брзината на сопствените нозе и знаеше дека набргу ќе мора да подзастане за да повраќа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Оној што не разбра за него се разбуди порано отколку што обично стануваше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Вечерната програма на радиото секогаш завршуваше со инструментална верзија на „А бре Македонче“ и откако ќе ја ислушаше, кога навечер ќе си легнеше, тој продолжуваше да ја наслушнува тишината на нивното маало и знаеше дека набргу ќе заспие со љубовта на градот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Домаќинката на куќата во која Георги живеел под кирија изјавила дека набргу по експлозијата кај „Алхамбра“ видела како тој дошол дома силно возбуден.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Фред ги сакаше нашите филмови како и останатите, но чувствуваше дека набргу повторно ќе посакам да сликам.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И вели дека брадавицата на левата боска И е позрела и дека набргу, многу бргу, ќе ја гризне Таа презреана капина И притоа бара од неа Да ја свлече кралската наметка Да ја симне круната Ако не ѝ е зарастена во темето А дури потоа ќе ѝ заповеда да ја покаже Спомнатата града.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Отчука трипати и со тоа навести дека набргу ќе дојдат тато и мама.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Полека тонев во некаква чудесна дремка...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Од таа чудесна дремка ме расони часовникот- кукавица.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Да се надеваме дека набргу ќе имаме многу согледувања.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)