Како и да е, Дерида мисли дека логоцентризмот е секогаш лош, со тоа имплицирајќи дека никаде не треба да остане и дека деконструктивистичките, нелогоцентрични гледишта секој би требало да ги усвои.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Една друга интуиција заедничка и за модернистичкото и за предмодернистичкото мислење, а и за Дерида, е верата во блиската поврзаност помеѓу знаењето и доблеста, т. е. дека промените во онтолошките и епистемолошките гледишта кај луѓето можат да доведат до морални и политички трансформации.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бидејќи како што тој вели во Spurs/Eperons, „текстот ќе остане неограничено отворен, криптичен и пародички“ 7, постојат мноштво начини со кои дури и една единствена личност, и a fortiori различни луѓе можат да го деконструираат. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Пробај побарај нѐ низ светот, прочепкај низ книги, учебници, документарни филмови, телевизиски програми, актуелни вести, меѓународни институции, интернет-страници, стриптиз-перформанси - ќе видиш дека никаде не фигурираме.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Рече дека пробал да живее и во големиот, и во малиот свет, но дека никаде не нашол среќа: конечно, ќе му се посвети на Бога, оти има назнаки (токму така рече) дека Бог сака да му се јави.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мислам дека никаде го нема тоа херојство, тоа себеоткажувње, таа саможртва...“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Помислив одново на тоа дека никаде не сретнав фотографија на сега веќе потопеното Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Го бараа, го бараа, и кога видоа луѓето дека никаде го нема, решија да му ја продадат куќата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Велам: - Јас кога ќе си легнам, мислам дека никаде нема празно место за сонување.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)