4. кога се враќав од јапонија не можев а да не кршнам малку од истокот понаисток а понаисток се вика кјото како што поназапад се вика токио понаисток некако е потопло во просторот на насмевката понаисток резниња тишина се лулеат на небото а и сонцето е некако поинакво наутро весело од изгревање напладне клапнато бара сенка за отпочин од толку многу изгревања и од толку многу запнувања на златниот и на сребрениот храм во кјото секогаш да им се позајми повеќе блесок да не би да се луѓосаат и да подгрбават да зарѓават а да бидат уште живи како што им се случува на мнозина кои и не забележуваат дека одамна им се скинале пантолоните на времето во кои се навреле којзнае кога којзнае како и којзнае зошто пред храмовите на кјото дурлат води отежнати од историски искушенија дурли во водите без омекнувач меката душа на градот во водите пред храмовите во кјото птиците парадно се огледуваат па потем не може да се изнагракаат од среќа отшто во воденото огледало биле толку лични прелични во водите прд храмовите на кјото има и многу меурчиња од последниот здив на исчезнатите има и меурчиња од празни зборови има и удавени тешки зборови и не се знае какви тешки метали од зовриените води пред храмовите на кјото се прави најубав јапонски чај од јасмин на пример кој се срка додека на телевизија врват најновите вести а на врв вести ново биро за изгубени работи и едночудо ослепени од толку зјапање во иднината на дното на вестите празнина како на дното на зеленото шише од изглоканата вода макаршто вестите на телевизија секаде се есапат како канти за полевање на заблудите кога се враќав од јапонија многу ќе згрешев ако не кршнев малку од исток понаисток и ако не се поздравев со калиграфите кои приклаваат секој колку што може во ќуповите во кои се варди душата на градот тие приклавај други отклавај тие зелен спокој другите црн неспокој и едните и другите петпари не даваат кога се разминуваат со рикшаџиите како со жива теглечка сила за кои веќе нема сенки под искастрените гранки на старите дрва а не им е ни предодредено да се пробијат до првите редови од каде што најубаво се гледа најубавата кабуки танчерка понекогаш на рикшаџиите им потекуваат од очи глазирани зрна ориз веќе наизуст ги научија говорите на сите политички и еколошки митинзи и ним како и на говорантите отшто се толку дотерани како за на кадро никој не им верува колку мака си теглат за вечер да каснат едно обично ќофте и да отсонуваат една голема топка сладолед од ванила.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Под нив, под нивната петица, Баге е само еден лански лешник, кој само ќе крцне кога ќе го здробат и ќе се види дека одамна е празен, дека да стапнеш на него чинело колку да покриеш плунка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ми се чини дека со мало задоцнување сепак научив да не грешам, и покрај фактот дека одамна веќе никој не чувствува потреба да ми ги лови грешките.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку ќе почнев власта и вистински да ја мразам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За среќа нивното уништување не беше поврзано со доаѓањето на нашата власт.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе му речев дека одамна ги знам тие воденици и дека многу го сакав животот во нив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нивната лоша страна била дека за жал и тие создавале непотребни главоболки а и недоразбирања, особено кај оние поединци со нездрава шпекулативна умисла.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислам спомнав дека Иван изјави оти можеби ќе остане цела недела кај мене, во воденицата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За нејзината одлука дознав неодамна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Боге од Бањи ме погледна, ја остави цигарата во чинијата со вода, за да го забележам и јас чрчорењето кое нему веројатно нешто му значеше, а дури потоа ми рече дека одамна дошол до заклучок оти добрите шеги се најсигурни чувари на народното здравје.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ме пречека значи грдото чувство на подоцна втасаните иако цел живот го минале со уверување дека пораснале помеѓу првите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Водениците ги прегази времето и „Бабамов, Грличката, Аврамико и комп.“ кога ја изградија Мелницата и луштилницана за ориз, и тоа среде полето, кај Пребачево.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Очигледно беше дека одамна го донела решението и дека самата е уверена во добриот избор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова изгледаше сосем марсовски, но, додека го цицав натечениот палец, помислив дека одамна не сум се забавувал, па зошто да не?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Осети, наеднаш, дека одамна ниедно негово испраќање не му било толку полно и толку вистинито.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја сети таа далечна шега; таа му помина како незадоволна потсмешка со некоја невкусност, но за него сега беше многу поважно што можеше со сигурност да знае дека одамна навлегол во втората половина од таа бескрајна угорница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас на работа со моите муштерики се бакнувам во образ по трипати, дека одамна не сме се виделе... еее, од последната плата кога дошле, а не купиле, а не се ни пишале, ама сме блиски од што сто години се облекуваат кај мене, па сме се ородиле преку фустанчињата и „сукњичињата“ што уште ги носат, а не сакаат да мрднат (ова повеќе како суптилна реклама)!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Онака, бел од брашно, изгледаше дека одамна така стои и самиот скаменет во оваа дива, немила природа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Александар мислеше дека одамна се ослободил од тоа, ама мечот кој што на кратко му го пресече телото додека се поздравуваше со некрунисината мис тинејџер на неговата генерација го увери во спротивното.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Акакиј Акакиевич го натераа да испие две чаши, по кои тој почувствува дека во собата станало повесело, но никако не можеше да заборави дека веќе е дванаесет часот и дека одамна му е време за дома.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мислам дека одамна не те имав видено толку весел.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Поштарот сомничаво ќе нè погледнеше, па потем ни велеше дека одамна немало писмо од Италија. Нас нè обземаа семожни мисли.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Му одговори дека одамна е сторено тоа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Наоколу се обраснато со трева. Сигурно поминало долго време одкако воденицата престанала да работи, а трњето и високата трева сведочеа дека одамна нема стапнато човечка нога во самата воденица.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Хм, си пристори и се сети дека одамна не поминал низ дворот да зачисти.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Рече со растреперен глас Момите два пати се благословени - со две мајки и со двајца татковци! а немо продолжи во себе Прости ми, изумив дека одамна Роса ви е и мајка и татко!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)