-Овде, чесно речено, лежи просто лудак - соопштува тој со незадоволен тон - но лудак, знаете ли, со здив на гнилеж; сакам да кажам дека одеднаш не можеш да разбереш дали тој навистина е лудак, или е, што би се рекло, премногу „префриган“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
-Што е, е - кој би знаел зошто зборувате во истото време додека Сухов упорно ве влече кон соседниот гроб.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се вознемирив, се возбудив, не знам дали ми се плачеше, дали се уплашив, или..., но знам дека одеднаш сите тие прашања, сите тие ѕвезди, светулки, мириси, сенки, шумови, облици и бои околу мене и во мене се измешаа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога се доселивме во новоизградената станбена барака, ми се чинеше дека одеднаш бев пораснала и во оваа куќа треба да преземам улога на домаќинка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се престорија во голем, шарен и возбудлив калеидоскоп што почна да се врти заедно со мене вовлекувајќи ме сѐ подлабоко и подлабоко во нешто огромно и таинствено, прекрасно и застрашувачко истовремено.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Замислете дека одеднаш сум убеден дека сум Наполеон: јас веќе не сум Вирилио, туку Наполеон. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 111
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Не очекувавме дека одеднаш ќе ни донесат толку осакатени момчиња и девојки.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но знам дека одеднаш, кога мене веќе тоа понижување не ми значеше ништо, па дури почна и да ми се допаѓа, тој се исправи и рече: „Готово е. Чашата е празна“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И учителката Нада ми дала слика да ѝ увеличам за спомен што најверојатно и сум го направил, зашто во исто време и ме пофалила дека одеднаш почна добри состави да правиш!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)