„Бев во трето одделение кога забележав дека особено ми е мило едно дете.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Конечно, ѝ го предадоа; таа го отвори, го прочита и се вцрви толку што мислевме дека ќе падне во несвест; се сврте околу, погледна низ целиот клас, и мене ми се стори дека особено долго гледа во мене и Земанек; потем одеднаш побледе, стана, го стутка ливчето под блузата и побара од класниот да излезе надвор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
2. Сметаме дека особено во денешново време било кои форми на ескапизам - па и оние што се повикуваат на тнр. „аполитичност” - се несоодветни и често контрапродуктивни;
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
По сѐ судејќи, изгледа дека особено привлечни за уметниците се промените во состојбите на свеста доживеани под дејство на дрога, бидејќи им ги отвораат вратите на несвесните полиња на човековата психа, а тое се всушност најавтентичен резервоар на креативните потенцијали во уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мама ме погледна и кога виде дека ја слушам внимателно, продолжи да ми раскажува.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А врховна потреба е да се знае дека кајшто има сила нема правдина И уште да се запамети дека е правосилна онаа народната Дека се рече ли кучето бесно е си останува бесно што и да стори отпосле Од друга страна и меѓу самите Словени мнозина знаат Дека и Словените и пансловените не се китки за мирисање И дека особено тешко се ослободуваат од стари соништа
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)