дека (сврз.) - потоа (прил.)

Јас претпоставувам, сепак, дека можеби бил закопан на нивното семејно гробно место, но дека потоа, во истиот гроб, како што често и се прави, бил закопан некој од неговите потомци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знам само дека потоа светлината се прели, баш така, се прели како вода низ мојата работна маса што се наоѓа веднаш до прозорецот и дека врз целата горна површина на масата се распосла мек, шарен, светликав и многу тенок килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сети се, сети се, дека потоа ние го дадовме на хемиско чистење.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Стојна! Божествената лисица Стојна, батка. Мислиш на нејзиното писмо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да... само забораваш дека потоа наиде и онаа Стојка, или Стојна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Марко уште погласно почна да плаче, а јас сакав да ги земам листовите и да одам да му ги пикнам во уста за да замолчи веќе еднаш, но знаев дека потоа ќе ми биде жал и затоа се повлеков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не очекував дека потоа ќе морам да се борам уште петнаесетина минути со неа во обидот да се одбранам од второ парче чоколадна торта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Многу милно ми рече „чао". Можеби ми рече и нешто друго.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Единствено тетин ми продолжи да гледа во телевизирот како никој ништо да не рекол.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А. Денет: Постои ли врска меѓу вашето дело и естетичкото движење како некакво духовно наследство?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сметаме дека младите луѓе одат на нашите изложби и дека потоа тие се други луѓе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во тој миг да ни кажеше некој дека тоа е нашиот последен миг на земјата, а дека потоа зад нас нема да остане никаква трага, тоа немаше да нѐ оттргне од нашиот занес, затоа што верувавме дека она што е меѓу нас, она што од нас двајцата прави едно, е вечно, и дека, ако ни биде одземена материјата, сепак ќе продолжиме онаму каде што силите на природата и законите на трошноста и минливоста немаат моќ, и каде што човечката душа е посилна од сите небесни тела, затоа што тие се осудени еден ден, милиони години по својата креација, да згинат, а она парче душа во кое се вткаени нашиот занес и копнеж ќе трае и кога од сета материја на универзумот нема да остане ниту прашинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекоревме по градот, Рајнер гледаше во парчето хартија кое покажуваше по кои улици треба да се движиме за да стигнеме до домот на неговата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Водата во големиот чајник вриеше, па дед Павел уште еднаш повтори дека можеме веднаш да се напиеме чај, дека потоа ќе можеме да го прошетаме имањето, а кога ќе ожедниме, ќе му се вратиме на виното.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека ние да им дадеме знак да застанат, тие заминаа, но за среќа или за несреќа на последниот камион му се дупна гумата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во камионот имаше две партизанки, нè качија и ни рекоа дека одат за Прилеп и дека потоа ќе одат преку Охрид за Албанија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)