„Онисифор со обетка на увото не е далеку.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имам сопче со зеленосиви тапети, со две зелени завеси со боја како вода, дезенирани со многу бледи ружи, освежени со тенки крвавоцрвени цртички. …прилично ме обзема страв од лудилото кога ќе ги видам одблиску оние што боледуваат од него, каков што многу лесно можам и јас да станам во иднина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едно попладне Винсент ван Гог на својот брат му пишува писмо во кое ја опишува лудницата во Сен Реми: „Те уверувам дека овде ми е добро и дека привремено не гледам никаква причина да дојдам во Париз.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дишеше шумно низ нос, не во исчекување да станам и да го доведам до местото за кое беше уверен дека го знам, дека привремено е моја тајна, туку во занес на човек од кого ништо не може да се сокрие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)