Иако таа можеби веруваше дека прилично умешно ме има изложено на рафтот на срамот јас молчев, и вистински чувствував како да ја имам нарачано за себе отсутноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Беше очигледно дека Зрновски е најдоследниот подржувач на нејзините желби и ги одобруваше сите нејзините постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Па нели, во тие моменти на неговите страдања таа седна и во мојот скут и ми изјавуваше, божем тихо, (но доволно јасно за да слушне и тој, а и Зрновски) некаква припадност што јас од неа не ја бев побарал; дури и отворено ме покани таа вечер да преспијам кај нив, (забележала дека прилично сум алкохолизиран) а забележав како и Стариот писател се придружува кон оваа нејзина покана бидејќи неколкупати одречно замавна со главата кога таа го праша дали има нешто против.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)