Луѓето со свежо паметење на метежните настани излегуваа од куќите да го поздрават Чанга, со повратена надеж дека сигурно ќе се врати времето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ги прашував околните дуќанџии каде се наоѓа влезот на зградата, а тие ми го даваа истиот одговор што и јас им го давав на оние што мене ме прашуваа - дека сигурно е странично, лево или десно.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Помислив дека сигурно удрила четиринаеска и дека добро би ми легнало едно ладно пивце во некое празно кафуле со чисти чаршави и со добро извежбан џубокс-евергрин.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Во првите мигови, Татко не можеше да разбере што се случило, но набргу претпостави дека сигурно стигнало писмото од Водачот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Девојчињата сакаа да се забавуваме, ние им рековме да нѐ чекаат вечерта во еден клуб, дека сигурно ќе дојдеме, јас се качив на моторот и тргнавме.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тврди дека ја има и сликата што ќе ми ја открие тајната по која толку долго трагам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го замолив да и го даде и пусулчето во кое наведов дека во 3 часот ќе свратам во бифето "Корзо".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или му дошло некако на ум дека тоа е најкраткиот пат до утехата, па побрза да ми ја соопшти оваа новина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Познато било дека нејзиниот војник исчезнал уште во почетокот на 42-та а моето раѓање се случило токму девет месеци по борбите од другата страна на Сина Скала што се воделе дури при крајот на 43 та.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или тој Боге од Бањи измислува? Зар сѐ ова што го вели е лага?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иако знаев дека Ботка е на катот и дека сигурно ќе сака да поразговара со мене, Изјавата што требаше да и ја занесам му ја предадов на курирот и го замолив тој да и ја однесе.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Рече дека сигурно си знаела и ти! Зошто го премолча ова?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дека сигурно знаеле оти војникот што ја донел на коњ во деновите на априлската војна бил отсутен од куќата од под Сина Скала повеќе од година и половина а можеби и нешто повеќе кога почнало да се шепоти оти осаменичката, горе, во планината, не е повеќе сама, туку е носечка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Си мислев дека сигурно маќеата побарала Марина и баба ѝ да одат во друг стан, или, можеби, баба ѝ на Марина не можела да седи со оваа друга жена на својот зет, откако ја загубила ќерка си.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Уште во мигот кога го видовме, ни беше јасно дека нема да живее уште долго.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа ја откри едната града и почна да го дои детето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бил многу болежлив, докторите испитувале но освен проблемите со крајниците ништо не откриле, и рекле дека сигурно не му одговара климата во Хамбург.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа ја спушти раката, и јас сфатив дека сигурно се препознала, или дека не ми мафна мене туку на некој друг, или никому не мафна, туку тој гест можеби беше гест со кој си ги бркаше сопствените мисли, се спречуваше да си противречи самата на себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јана помисли дека сигурно тоа е оној истиот на кого му се прекина врската.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Виде и дека е итра, и дека сигурно одоколу ќе покаже благост, за да ја скроти пред него својата сила, која избива грдо како шурка од дупнато црево.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бидејќи во мислите имаше слични мигови, си рече дека сигурно го фаќа треска и присилувајќи се да се смири, се сети дека вратата е заклучена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Го приготви ферманот за мариовскиот хас, писмото за кадијата и по пет дена тргнаа, та ги одведе своите Мариовци по оној ист пат по кој лани беа отерани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
При овие зборови сите паднаа ничкум пред везирот, во знак на благодарност; направија по неколку метании, викајќи да е жив царот, и благословувајќи ја мајка му што го родила везирот, уверени дека сигурно е од каурски род; излегоа со навирени очи солзи од радост.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мајка насетуваше дека сигурно ѝ се ближи крајот, сакаше да биде што поблиску до Татко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И покрај големиот отпор на поробените народи, Татко по кусовечната империја на фашизмот насетуваше дека сигурно ќе надвладее нова империја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Некој рече дека сигурно ја сакал и од стомакот, не само од срцето, па сакал сета своја љубов да ја сосече.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мислам дека сигурно му беше објаснил дека неговата дисциплинска финта, да ме испрати во Рокет****, не беше баш решение...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ги купуваше сите постепено...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Кралевите на педалата” и „Кралевите на авијацијата”...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Вистина ти велам. Ете, од сите луѓе помеѓу Козаците и Русите за тој генерал Јенков најмалку имав слушнато, а сепак ми беше многу драг.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Затоа и ми беше пријатен тој негов Русин, тој генерал, кој никогаш не нѐ посети иако татко ти постојано најавуваше дека сигурно ќе го доведе на оној негов боршч што го спомнуваше толку често, па јас напати и мирисот му го сеќавав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се израдува што се сретна со предмети за кои веруваше дека сигурно се изгубени, но најсреќен беше што пронајде едно еротско списание („Playboy“ или така нешто) за кое воопшто не се сеќаваше дека го имал.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Предложи кај нив да останам три-четири дена, а јас инсистирав таму да се задржам само два, поради тоа што се плашев дека сигурно ќе се досадувам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во меѓувреме, погледнав низ стаклото во рерната и видов дека таму нема ништо; немаше ништо ни наоколу во кујната, па се чудев што ќе јадеме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ѝ ја кажал својата восхит од книгата, велејќи, d est un livre fou! (тоа е луда книга), завршувајќи со тоа дека сигурно ќе ја преведува на француски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но, тој продолжи без да чека на моја реакција, верувајќи дека сигурно ќе ја предизвика: - Кога конечно нашиот Водач насети дека остануваме повторно сами, изолирани во историјата, без пријатели, а опкружени само со непријатели, тој во народот го разбуди вечниот одбранбен инстинкт...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)