Во еден момент стражарот дури го запира коњот, свртен накај него, и на Пискулиева му се чини дека еве сега ќе го викне: „Еј ти, доброто ми момче, ајде оди ми си надвор, гледам јас дека ти си по грешка овде.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Татко му, кога ќе го сретне неговиот поглед, како да сака да му се насмевне, да му покаже дека сето си е како што било, дека еве пак сите тие учествуваат во играта.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Така, тоа чувство дека еве го крајот, тој е тука, сосема близу е, само привид е за неупатените, ние занемените пред можностите што ни ги испишува поетот на својата „табула раза“ што си ја држи скришно пред секое ново вгледување во неа, врз неа за ново испишување.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И веќе со првата приказна за некаква квачка со дванаесет златни пилиња закопана во дворот на црквата “Св.Софија“ побуди таков интерес кај луѓето, што тие го следеа секој негов збор, како да се надеваа дека еве, секој миг ќе откопаат и самите некакво богатство и ќе се простат со неподносливата сиромаштија...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Можеби ќе си мислат дека еве, таа, неговата мајка таков го пушта, валкан.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Да се помисли дека еве немаат што да разговараат, иако ова е добра прилика за тоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зашто, кога Кирков пркосно отишол кај турските стражари да го убијат, сепак не успеал на време да ја запали бомбата за да му даде на знаење на градот дека еве и тој го сторил тоа што му било најлесно да го направи - го дал својот живот за својата татковина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Доволно крв се пролеа.... ох, за жал, јас сега морам да кинисам, ама се надевам дека еве, со Костадин заедно ќе најдиме можност денојве да седниме на по едно вино и муабет тука во ’Корзо’“.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Јас дури понекогаш..., да, токму вам јас ви ја покажував дамката од кармин на подот и се шегував, дека еве сѐ досега останала трага од крв... Паметна шега.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Најмногу ме мачи сознанието, дека еве и сега, од оваа раздалеченост не сум сигурна каква требаше да биде и што да содржи приказната што требало да му ја раскажам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зар само она: дека татко му ме посетуваше трипати и дека трипати си заминуваше?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)