За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На пример, првиот глас ја пее темата почнувајќи од до, додека вториот глас се суперпонира на првиот започнувајќи ја темата четири ноти погоре, од сол.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Првата беше потисната во заборавот, во загубениот дел од рајот на детството, додека втората живееше во страниците на нејзиниот каталог.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
ЗАКОН ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ Овој закон е донесен во февруари 2014, а почна да се применува од февруари 2015 година (чл. 113, ЗАС).137 Тој регулира материја која претходно беше регулирана со два закони, Законот за државни службеници и Законот за јавни службеници.138 Првиот од овие закони беше донесен во 2000 година и не содржеше промени на одредбите за штрајк во периодот 20102014 година, додека вториот беше донесен во овој период, поточно во 2010 година, и воведе слични одредби во однос на одвивањето на штрајкот на јавните службеници какви што претходно важеа за државните службеници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со првата, од месец август, дојде до укинување на одредбата за работничките книшки (чл. 1, ЗИДЗВОСН/авг.08), 11 додека втората се однесува на укинувањето на можноста работодавецот да може да вработи работник без огласување (чл. 1, ЗИДЗВОСН/дек.08). 12 Парични казни И во поглед на паричните казни дојде до промена на одредбите од ЗВОСН од 1997 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)