Се појавуваат флешови на Хитлер и Сталин, инсекти и носорози, The Wild Bunch i Midnight Ex- press експлодираат на прозорецот од мотелската соба додека двајцата водат љубов пред заложникот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Љубовниците прават крвен сојуз, а капките се претвораат во анимирани змии - значаен мотив овде.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Оливер непрекинато созда ваше френетична атмосфера за да ве инспирира.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Шишман, додека двајцата застанаа, ја поклопи со својата шепа матарката, но во возбудата камчето пак затропа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тоа Круме ми го рече тивко, како да го кажа само за себе, и како да додаде: „Слобода ли е тоа?!“ додека двајцата гледавме во развеаната сукња на Илона, (небесно сина, широка во долниот дел, на половината припиена за телото, одназад врзана со тегетен колан), во миговите кога таа со ситен чекор по плочникот се оддалечуваше од масата на која дотогаш седевме заедно во бавчата на „Анте Портас“ на кејот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сѐ додека двајца брадести атлети не го однесоа во стара кола.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
За сето време на појадокот, сè додека двајцата браќа не станаа да одат на работа, Милан и Кети не престанаа да зборуваат, како што се плашеа дека, ако не го прават тоа, нешто недобредојдено ќе се случи во тој миг.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во еден миг, додека двајцата бавно чекорат по паркот, синот здогледува како градинарот отсекува неколку ружи, и целиот затреперува, неговото дотогаш тапо лице добива чувствителност, како она што го виде да повлече некоја нишка во него, некоја нишка која води кон сѐ она што за него некогаш било, а веќе го нема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој не може да ја следи нишката назад кон она што некогаш бил, ниту пак она што некогаш бил може да дојде до она што тој сега е; тоа затреперување на нишката само растреперува некои негови чувства, како нејасно сеќавање, и тој почнува да плаче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)