И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го слушна неговото кркорење низ цевката додека заминуваше кон царството на фекалиите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Дишеш длабоко додека заминуваш и додека си ветуваш: „Нема веќе кафиња“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Беше нешто, што мораше да се носи во себе, а додека заминуваше под тоа црвеникаво сонце му се чинеше дури и дека е добра.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Додека заминуваше Мајка, повеќе за себе, тој прошепоте: - Триците, триците ќе ги јадеме...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)