Додека минеа така заедно сите се потргнуваа да им направат пат, со почит ги поздравуваа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Да набљудувам од било кој перон како возовите влегуваат со по седум-осум вагони, па да си допуштам себеси да ги гледам додека минуваат сè побавно и побавно, и да потрчам до крајот па да се качам во некој вагон а без Мари-Клод, потоа да се симнам на следната станица и да го причекам наредниот воз, па пак до првата следна станица, па да најдам друга линија, и да видам како вагоните доаѓаат без Мари-Клод; да пропуштам еден или два воза, да го фатам оној третиот, да се возам со него до последната станица, да се вратам до некоја станица откаде што ќе можам да се префрлам на друга линија, па да решам да го земам четвртиот воз, па после да ја напуштам потрагата и да се качам на ручек а всушност веднаш да се вратам со цигарата на горчината и да поседам на клупа додека не наиде следниот, додека не наиде петтиот воз.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
По Пазарџиски Пат, кој на Алилово ја премостува Алинска Река, за неколку километри понасевер, одејќи низ веселечкиот синор и паралелно со железничката линија, откако ќе ја прегази неа, да се префрли во кадиниоселскиот, за потоа одејќи низ него и пак паралелно со железничката линија и право на север, нешто пред Галичани, газејќи низ Галичка Река да се протне под неа и за, најпосле, припазувајќи се од кучињата, додека минува низ селото, горе над него, веднаш над железничката станица Галичани, односно да ја прегази железинчата линија и да зачекори низ прилепските тутунови полиња, се стигнува, сè така завјасан, на пазар во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)