Додека разговараа, полузапаметената песничка се моташе низ главата на Винстон. „Портокали и лимон, велат ѕвоната на Свети Клемент, Ти ми должиш фартинг, велат ѕвоната на Свети Мартин!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште додека разговараше со О'Брајан, кога го сфати значењето на неговите зборови, низ телото му поминаа ладни морници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше свртен со грб додека разговараше и тоа малку ме утеши.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во исто време додека разговараа, Виктор во новиот пациент го откри жарот, невидливата но, огромната желба за живот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И тоа се случи во еден миг, додека разговараше со Бил Девит, таа идеја му дојде многу едноставно и многу директно.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Стоевме на влезот на Центарот за култура во еден мал град. Директорот на центарот, за цело време додека разговараше со мене, погледнуваше кон влезната врата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Музиката одеше доволно тивко за да не мора да се дерат еден на друг додека разговараат со Дарко, а сепак доволно гласно за друштвото до нив да не може да го наслушнува нивниот разговор.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Имаше нешто меѓу нас, во тоа сум убеден; имаше сигурно нешто, макар само и флуид, макар и само почеток на љубов, оти зошто таа стоеше токму до мене, додека разговарав со другарот?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А еден миг пред тоа, додека разговаравте, не носеше ќулафка. Значи, ја ставил пред да те прегрне “, реков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не ни дојде во Долнец, ѝ рекол еднаш Симон на Лена, додека разговарале за семејството. Лена ми го потврди тоа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се осетив како да го губам тлото под нозете, ми рече тие денови таа, додека разговаравме околу нивните односи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
За сето време додека разговараа, Горда си играше со ножовите меѓу прстите, а сега одеднаш престана и го одвои погледот од Грдан, изострувајќи го до вслушување.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така и ја памети Севда баба си Ѕвезда: со двете раце ја држи патерицата, потпрена со стомакот врз неа и со главата поткрената за да те гледа в очи додека разговара со тебе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Полжавот додека разговара со листот пиејќи утринска роса *
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Густав имаше навика да ги држи рацете во џебовите додека разговара, а потоа, на крајот од разговорот, одеднаш ги вадеше, и во тој миг од џебовите паѓаа моливчиња, креди, гумички, монети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
При една посета, кога ги извадил рацете од џебовите, на подот паднало истуткано парче хартија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За сето време додека разговара со неа тој го чувствува Лукова, постојано гледа кон собата каде што остана тој и се штрецнува на секој шум.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)