И додека следев некои познати гласови од службената просторија на Грофот наеднаш сфатив дека во соседната соба всушност се беше разбашкарил Мирко Бунде, и тоа на софата, а Катерина и Јана му седеа во скутот!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Притоа двете луди женски глави не престануваа да се кикотат над мојата наивност и да ме исмејуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А после, додека следени од Карамана слегуваат по скалите и потоа додека одат во трлото кај Лазора Перуноски, си мисли дали да претрчаат до Зедница и да ги запалат вивките и така сè живо во Потковицата да кренат на нозе, или да претрчаат до Костадина Дамчески да му кажат дека некој јабанец дошол во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)