додека (сврз.) - сме (гл.)

Тивко дополни: - Мајко, додека сме ние на работа,никогаш нема да ги заборавиме помалите браќа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Гледај и нагледај се; радувај се и изнарадувај се, се додека сме во наше... во наше... се уште...во наше и само не плачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако го пречекориш овој појас, нема да имаш причина за радост, а ќе имаш време за плачење и тагување... и колнење, та, затоа, сега, мајче, сега радувај се, радувај се додека сме во наше, сѐ уште во наше. Отаде е туѓо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И велат: додека сме млади сакаме нешто да спечалиме, ако не за друго барем за еден скромен стан, за работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Безбедни сме додека сме зад дрвјата“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка еднаш ни рече дека додека е Татко со книгите, додека сме ние со нив, несреќите што ги носи балканската бегалска судбина полесно се совладуваат, избегнуваат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не грижи се. Нема да се оддалечиме, сè додека сме блиски.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Во меѓувреме, додека сме таму во таа димензија, овде стагнираме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Сѐ додека сме заедно – дома сме“. Тоа на Летка ѝ се допаѓаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега, татко ме дава, каде што срце ми нејќе...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЗАФИР: Е, пуста болка не се лежи лесно... (Работи).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Со болна насмевка). Го знаеш ти, Костадине, моминското срце... Додека сме моми, немаме срце. Само сме моми...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Ќе те молам, Зафире, додека сме сами да ми ја избришеш потта...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Некаде пред зори, замолив да влеземе под шаторот и да ми најдат една скала (донесоа една прекрасна, алуминиумска скала, одлична за еквилибристика); им ја покажав мојата циркуска точка со Петрунела, љубовникот и мажот со рогови; тие се смееја до бесвест, бараа да ја повторувам точката, и на крајот, Ина рече: „Зошто не ја изведеш таа точка неколкупати, додека сме во градот?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ајде, ако ви е по волја, сите да се избакнеме, да се радосаме, оти така ни било речено, па да се знаеме и да се помагаме додека сме живи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Колку се радував кога го имав! Дури и го замислував како ќе ѝ стои на мајка ми, на показалецот од десната рака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Важно, прстенот со жолт камен секој ден, кога шетавме со Меги низ Охрид, го меркав и секој ден се плашев да не го купи некој друг, оти беше единствен, а јас решив тоа да го сторам последниот ден, пред да заминеме, да не се случи да останам ептен без пара во џеб додека сме сè уште таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа што додека сме живи ненаме време да слушаме и да паметиме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од нас зависи како ќе го искористиме!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ние ли сме во бесконечноста ниту центар, ниту власт ниту гуска, ниту јајце Ние, од тлото што не сме се одлепиле ние, вистината што ја мразиме како ѓавол ја истеруваме масовно ја каменуваме и ја однародуваме ние, што наредуваме кој да ѝ се обрати на јавноста и како да се опише „стварноста“ за да го слушаме - барем додека сме живи - она што ни одговара Сонцето мора да се врти небото да биде недостижно Земјата мадра.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Татко мигум го крена погледот од отворената книга, а Мајка од плеталото. – Душата е, синко, сè што ни се случува додека сме живи – рече Татко, замислено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Камено доба, Бронзено доба, Железно доба; од сега па натаму сите нив ги стопуваме во едно заедничко под едно големо име, додека сме оделе по земјата и додека сме ги слушале птиците наутро и плачеле незлобиво.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Откако нѐ веселат конечни сите далеку поставени цели гордоста ни расте со примамлив прелив нашите ноќи се бели, ние сме вечни мрежите се патишта со променлив пречник и тивка е тајната на нивните делти; заплетот нѐ чека со еластични пети да појдеме силни, да појдеме невини во нашиот млад беспомошен немир. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 135
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Доаѓаме со круна доаѓаме со бели знаменца во некоја рака ветрот овде дува поволно за нашите раменца и кошулите нѐ галат во јаболката на вратот, има еден чуден пресек на тоа место низ него нѐ води вечерта по патот на свилата, сјајот, заплетот во пресврт еден скромен престол да седнеме пред да падне ноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
EVENTIDE Ветерот нѐ прима во вечерна свила. Под нашите кошули со кокетни крила пулсот кревко трепти со благост на сирак; некој е жеден денес, ние сме телесни секојдневно ни мавта една блиска вила кон истиот пехар со пурпурна шира да појдеме во нашите движења извесни додека сме спокојни, додека сме лесни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)