додека (сврз.) - сум (гл.)

- Танас! „... Тоа досега не сум го сторил“ - Продолжи Ѓеле кој не го чу викот на учителот, - „а и натаму, додека сум жив...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама најважната работа не ќе биде тоа што јас ќе се вратам со чопер, туку тоа што, додека сум таму, ќе дадам голем адвертвајсмент по цел свет и тогаш вие ќе видите по колку чопери ќе се толчат да слетуваат на Тумбица.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој ме праша дали се сеќавам на шампонот со кој сум ја миела косата додека сум била во училиштето; реков дека не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше во таа насмевка потсмев; јас тоа добро го знаев, оти во една прилика му се исповедав на отец Пелазгиј дека сум слушнал небесна музика во храмот, додека сум го призивал Бога, во часови бестелесни и бесчулни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или и за ваквите појави вината треба да се бара токму во вистината што не сме во состојба да ја совладаме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си го прочистувал грлото, така ги подучувале в Белград, на Конзерваториумот, а мене морници ме полазуваа од можните последици поради ваквата недисциплина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Барем сега, додека сум во собата сам, можам слободно да заклучам дека сѐ повеќе наликувам на оној наш Кочко, партизанскиот песнопоец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не верувам, но сепак се присутни, а мене кој ми е виновен поради оние безброј прашања што си ги поставувам додека сум во потрага по вистината?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колкупати горе во планината ќе ме поткренеше од сон неговиот глас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговите деца како да немаа татко, а секое од нив имаше две мајки - Клара се грижеше за нив како за свои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А не пак да мислам на нешто што не сум ни мислел дека го создавам, додека сум правел нешто сосема друго.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ИЛИЈА: Антице, не си вдовица додека сум јас жив...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: И ти побрзо да дојдеш додека сум сама?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но, додека сум жива, имотов сакам да остане во целост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А ти, кај си? И „кој те љуби... додека сум јас на стража?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не ќе предадеш, мајчин, бавно процеди. - Додека сум жив, не ќе предадеш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќва, и по секое зајдисонце додека сум жив. И по смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но знам, додека сум жива нема да се вратиш и затоа ова ти го кажувам...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Никогаш не ќе разберам што се случи со нашето татенце, никогаш додека сум жив чинев не ќе разберам каков ветар удри во неговото срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас ти ги довардив татковите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие ти се тука, додека сум жива... тие остануваат и со тебе... со нас... ќе продолжат да го покажуваат татковиот пат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нога за нога се врати крај масичката, седна и продолжи да пишува: Решив да го направам ова, да ти напишам нешто, бидејќи немам храброст некои работи да ти кажам в очи додека сум жива.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прогонет сум во себе Од себе Од пепелта на огништето Што цел век го носам во грст Надежи, о, надежи Во самица Додека сум сам Во зора заѕидан од четири страни.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
И понекогаш ги пеам старите песни на овој свет, песните што настанале уште додека сум бил млад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се чувствувам убаво, слободно и достоинствено и се додека сум среќна ништо друго не е важно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Исполнета сум со спокој, зошто ова срце создава и креира едноставна убавина во секој миг од денот, во мене расте љубовта кон себе, кон светот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Така му било пишано... - продолжи тетка ми Марија, - рано го зеде Господ, - прошепоти низ солзи, вртејќи се зад неа да ја погледне фотографијата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурно пак смрдам, си помисли. Додека сум одела на училиште сум се испотила, дезодорансот изветреал и јас пак лошо мирисам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Андреа забележа дека Ема ја гледа, се сврте накај неа и ѝ се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се средив во бањата, со надеж дека ако повторно го видам барем нема да се ужасне од мене со бушавата коса и крвта околу горната усна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, на завојот не можам да заборавам бидејќи се чувствувам како да имам залепено огромна топла топка снег среде лице или како носот да ми го откорнала парче перница додека сум сонувала нешто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Наредните неколку минути само лежев во креветот збунет од инцидентот, длабоко во себе верувајќи дека навистина јас сум ја испрскал шолјата додека сум мокрел и дека поради мене братучед ми сега заработил заушка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ додека сум јас тука, ти се обидуваш да останеш таму.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Затоа ти е гајле да немаш додека сум јас овде проедрос.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Лијам не можеше да каже што толку го налутило сè додека Су не му принесе на барот голема кригла со пиво.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во селото, додека лежев болен од тифус, таа за цело време додека сум бил во бессознание, не водејќи сметка дека и самата можела да се разболи, била крај мене.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Колку дена бдеела врз мене додека сум бил во бунило, додека не се знаело дали ќе останам или ќе си заминам?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека сум стасала пеш во студеното утро, веќе ме беше фатило шест и пол часот. А смената завршуваше во шест.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас сум дел од тебе, и додека сум ти потребен така ќе биде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Засекогаш! – свикав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)