Далечина Додека трчам крај Северното море милји далеку мојот татко застанува потпрен за држалото на мотиката. Тука сме - значи - зборува.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Додека трчаше, од деловите на извиците дозна дека минува конвој со евразиски затвореници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Додека трчам кон твоите прегратки чукањето на моето срце се зголемува правопропорцијално со восхитот и воодушевеноста конечно да ѕирнам во деликатната и сензитивна тајна на твојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога би можела на еден суптилен начин да одговорам на феноменот на постоењето, тогаш моето постоење без тебе и без нас заедно би било сурово и измачувачко.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Божја казна е ако некого сопнеш додека трча кон среќата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во дворот полн со цвеќиња тој фрли само брз поглед, иако тие можеа одново да му кажат многу, но околу шадрванот во дворот, еден од најубавите што ги беше видел досега, се бркаа мали Турчиња во провиснати бечви кои постојано си го тргаа учкурот нагоре додека трчаа, та оваа слика ги надвладеа другите и мошне го успокои со ведри ветувања.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Слободата е незаменлива убавина и занес, но само додека се бориш за неа, додека трчаш за да ја престигнеш.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тие денови малкумина би сториле нешто за да и го потемнат лицето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Застани - викав колку што ме држеше гласот додека трчев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- А зошто викаш толку гласно? – се чудеше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Најпотресените помеѓу нив, додека трчаат ја измолкнуваат градата од под блузата за да му ја тутнат на детето в уста.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Никој не виде кога капетанот исчезна, додека трчаше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)