Јас знам дека тоа беше љубов за која требаше да се живее, но наспроти сѐ јас умирав преповторувајќи го секој твој збор, умирав препрочитувајќи го секое твое писмо, умирав додека ги диплев алиштата кои заедно ги купувавме, умирав со проѕевките во ноќните бдеења, умирав без да знам дека умирам, а сега умирам додека те гледам пред мене со сето твое отсуство и се прашувам од кога е тоа така, зошто е тоа така?“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Каде ли ми се криел овој човек сè досега, се прашував додека те гледав како спиеш.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во статутот со правила за заедничко живеење што како подарок ќе го добиеш заедно со зеленото светло од пријателките додека те гушкаат и ти честитаат, убаво ќе стои сѐ на што треба да внимаваш во иднина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И, додека те повикуваат во родилна сала, измерена колку си отворена во единица мерка „прсти“, слушаш како на боксот до тебе една црномурна млада пее стара ромска песна „Есмералда“ на барање од докторот и, додека таа наполу пее, а наполу вриска, ти доаѓа да завиваш и ти со неа во дует. . . .
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Само ти зборувај. Додека те слушам ќе знам дека си жив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ти реков, го видов како жолт канарец. додека те чекав, еве го пак, сега во син костум.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
АНА: Е, добро штом така, и дома ти ќе ти сучам додека те жениме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Додека те носев, ми рече тогаш, твоите вошки се префрлија кај мене, а моите кај тебе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
МИХАЈЛО: Ти само убаво зборуваш. Додека те слушам, мислам сѐ е точно, сѐ е така.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не смееш повеќе со нив да се дружиш, нивните зборови се лажни, нивната љубов е лажна, така мило ти се насмевнуваат додека им паднеш в раце, додека те зграпчат, потоа како малечко ѕвере ќе те фрлат во кафез, во строј, во редот, во проклетиот дом.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Човек може и да ослепее и секакво лошо да го снајде, ама за срцето и за умот, додека те држат, лага не се наоѓа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тажно е и да се погледне о Родна грутко додека те разнесуваат по полето заскитани светулки.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
По најстрмиот козји пат заминавте. Потиха од облак беше додека те водеше за струкот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
(Додека те прогонуваат голтници чекаш во скривница. Го чуваш стекнатото спокојство. Недостојните и врз најчистите намери трупаат грагор).
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Патот по кој се оди до душата е тивок, невидлив како кревок раб по кој газиш додека те ниша своевиден спектакл, додека се прелистуваат сликите и се врти филмот на минатото.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)