Тогаш и зениците се разводниле и им направиле место на двете дупки во чиешто дно се наѕирала смртта, ама младите боски останале негибнати и цели две години, наутро, напладне и навечер, продолжувало чудесното течење, додека детето само не се одбило од цицка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
“ Во тој миг една избербатена Циганка, прекриена со кирливи излитени алишта, се приближи до масата каде што седеа двајцата мажи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Гостилничарот нѐ одмеруваше, час Живка час нас, да разбере со кого си има работа, но молчеше и го одлагаше тоа додека детето од кујната не му шепнеше што кола запрела пред нивната воденица; зашто иако навудум неугледен, не беше толку недугав во главата за да мисли дека и денес облеката го чини човека - денес колата го чини човека.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И таа како мене чуваше деца во едно семејство, па се запознавме таму на клупите во паркот додека децата играа во песокот.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Не обрнувал внимание на него сè додека децата не почнале да го задеваат, да му се смејат, да му го пофаќаат рокчето. Поради него го завикале Рогле.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Седеше затворен, поправо заклучен во собата, со клучот одвнатре, божем така се создавала големата уметност, додека децата како мачиња цивкаа и молеа да го видат, како родител.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стопаните на Имотот, возрасните, беа собрани на чардакот, гледаше на запад, во сонцето; мажите редеа некакви дрвца, различни фигури, на ишарана табла, а жените везеа на ѓерѓев, додека децата нивни растрчуваа низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)